Народна банка: „Девизните резерви 3,86 милијарди евра“
Девизните резерви на крајот на декември 2022 година изнесувале 3.862,9 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 38,6 милиони евра, соопшти Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (66,4%), по што следуваат валутите и депозитите (23,8%) и монетарното злато (9,7%).
Статијата е прочитана 334 пати.