ММФ одобри пристап со 530 милиони евра, годинава ќе повлечеме 110 милиони евра за справување со енергетската криза

Одборот на директори на ММФ ѝ одобри пристап на Македонија до 530 милиони евра од Инструментот за претпазливост и ликвидност. Земјава годинава ќе може да користи 110 милиони евра кои ќе бидат повлечени веднаш и ќе се користат до крајот на оваа календарска година за справување со енергетската криза, а следната транша од 155 милиони евра ќе се користи во текот на 2023 година. Од Министерството за финансии велат дека останатиот дел се обезбедуваат само како превентива и резерва на земјата.

 

„Политиките што ги спроведуваме овозможија пристап на земјата до овој Инструмент, што овозможува обезбедување средства по многу поповолни услови од она што е актуелно на финансиските пазари. Тоа значи обезбедени се средствата за политиките планирани со ребалансот на Буџетот до крајот на оваа година, средства за справување со шокот кој доаѓа од надвор, средства за поддршка на граѓаните и компаниите, а пред се, најважно е да обезбедиме стабилност во снабдувањето со храна и енергенси“, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ е воведен во 2011 година и е наменет за земјите членки на оваа меѓународна финансиска институција кои имаат докажани здрави економски основи и спроведуваат одржливи политики.


Статијата е прочитана 154 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско