Турската компанија „Текнопанел“ ќе гради производствен капацитет во ТИРЗ Скопје

Турската високотехнолошката компанија „Текнопанел“ ќе гради нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје 1за производство на најсовремени сендвич панели. Инвестицијата од 20 милони евра на површина од 54.000 квадратни мерки предвидува отворање на 120 нови работни места, а се очекува компанијата во следните 10 години во земјава да вложи вкупно 150 милиони евра.

Договорот за инвестицијата денеска го потпишаа премиерот Димитар Ковачевски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски и Орхан Кахвеџи, сопственик и член на Управниот одбор на „Текнопанел“.

Ова е прв капацитет на компанијата надвор од Турција и според инвестицискиот план, се очекува вкупниот извоз за десет години да надмине 170 милиони евра. Одлуката за инвестиција е постигната лани во јули на средба во Истанбул меѓу директорот на ТИРЗ Деспотовски и менаџментот на компанијата.

„Текнопанел“ е еден од најголемите извозници во Турција и на листата од 500 водечки индустриски компании во земјата. Има четири фабрики во Турција во Мерсин, Измир, Сакарија и Истанбул.


Статијата е прочитана 184 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско