Во јуни потрошени 521.750 мегавати струја од кои 71,4 отсто е од домашно производство
Во државава во јуни годинава се потрошени вкупно 521.750 мегават часови електрична енергија, 3.139 милиони нормални кубни метри природен гас, 436.990 тони јаглен и 97.452 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според податоците, 71,4 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 97,1 процент од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Вкупно 70,9 отсто од произведената струја е на термоелктраните, хидроелектраните произвеле 24,5 отсто од струјата, а остатокот е на другите производители.
Во јуни домаќинствата потрошиле 184.408 мегавати струја.
Статијата е прочитана 1056 пати.