МИ2026: Каратистот Белистојановски го донесе првиот златен медал
Каратистот Матеј Белистојановски го донесе денеска првиот златен медал за македонската репрезентација на Медитеранските игри 2026.
Белистојановски беше супериорен во финалната борба во категоријата до 67 килограми и го совлада Хрватот Берак со 6-0 на поени.
На патот до златниот медал, македонскиот каратист ги совлада Алмасалмех од Сирија (6-1), Лука Мареска од Италија (2-0) и Гркот Балиотис со 5-1.
За Македонија ова е шести медал на Игрите во Таранто по двете сребра и трите бронзи.
Извор: МИА
Статијата е прочитана 87 пати.


























