Еврото е на најниско ниво во последните 20 години, се зголемува стравот од рецесија

Азиските акции денеска паднаа шеста сесија по ред, откако повторно скокнаа на цените на енергенсите во Европа и со тоа ги поттикна стравувањата од рецесија што, пак, придонесе вредноста на еврото да се спушти на најниско ниво во последните 20 години, објави „Евроњуз“.

Еврото падна под вредноста на американскиот долар во понеделникот, по вторпат оваа година, бидејќи се интензивираше загриженоста од влошување на енергетската криза и од дополнително заострување на монетарната политика на САД. Еврото на девизниот пазар се тргуваше по цена од 0,9953 долари, наведува „Синхуа“.

Референтните цени на гасот во Европската Унија се зголемија за 13 отсто во текот на ноќта, на рекордно највисоко ниво, со што двојно се зголемија за само еден месец и сега се 14 пати повисоки од просекот во изминатата деценија.

Некои аналитичари сметаат дека енергетска ситуација сугерира дека врвот на инфлацијата сè уште не е достигнат, со висок ризик таа да остане висока некое време без интервенција на централната банка. Оттаму и не е изненадување да се види американскиот долар на речиси повеќедецениски највисоки нивоа во однос на еврото и британската фунта.

Заедничката европска валута некое време се задржа на ниво од 0,9937 долари, но вчера повторно падна под вредноста на доларот (најниско во последните 20 години) поради големата енергетска криза во Европа и американската централна банка која сè уште е во офанзива за ограничување на инфлацијата. Предвидувањата се дека вредноста на еврото дополнително ќе паѓа како што се приближува зимата. 

Фунтата на сличен начин го достигна новото најниско ниво во последните две и пол години од 1,1729 долари (пред 2020 година фунтата немаше паднато под 1,18 долари уште од 1985 година), додека јапонскиот јен, пак, остана стабилен на 137,270 за долар.

Унгарија, која е силно зависна од руските енергенти, забележа пад на форинтата на најниско ниво досега во однос на доларот, од 411 форинти за долар.


Статијата е прочитана 208 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско