„Македонија2025“ именува три нови членови на Одборот на директори

Македонија2025именува три нови члена на Oдборот на директори, со што бројот на членови се зголеми на 18.

Новите членови се: асс. проф. Венера Крлиу Ханџиски, заменик извршен директор, главен оперативен директор, потпретседател на Одборот на директори и проректор за образование на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, Ѓорѓе Војновиќ, извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, претседател на Здружението на финансиски организации при Стопанската комора, поранешен професионален кошаркар и Радош Вукиќевиќ, генерален директор на винаријата Тиквеш.

„Овие импресивни лидери ја прошируваат широчината и длабочината на нашата способност и знаење како организација и знам дека секој од нив лично ќе придонесе за да помогне во остварувањето на нашата мисија и влијание“, рече Мајкл Чкламовски, претседавач на Одборот на директори на Македонија2025.


Статијата е прочитана 299 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско