Албанија ги укинува царините за стоки од Македонија, Србија и од Косово

Албанија ги укинува царинските тарифи за стоки што минуваат на албанските гранични премини по потекло од Србија, Косово и од Македонија.

Албанската влада ја донесе оваа одлука како резултат на процесот „Отворен Балкан“ и помошта што членовите на иницијативата мора да си ја дадат меѓусебно во кризата на високите цени.

Медиумите во Албанија информираат дека иако Косово не е дел од оваа иницијатива, Министерството за финансии во Тирана одлучило да го вклучи во одлуката врз основа на договорот за меѓусебно отстранување на царинските бариери.

Албанија во првите пет месеци од годинава на косовскиот пазар извезла стока во вредност од 132 милиони евра, 100 милиони во Србија и 62 милиони во Македонија.

 


Статијата е прочитана 249 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско