РКЕ ги објави пресметките на ЕВН, од поскапување ќе се спасат само тие што трошат најмалку

Регулаторната комисија за енергетика го објави коефициентот за пресметка на цените на струјата според блоковите во новиот тарифен систем, како и одлуката за одобрување на цената на ЕВН Хоум.

Според табелите кои ги објави РКЕ, во високата или скапа тарифа, во првиот блок до 210 киловатчасови семејствата нема да плаќаат поскапо затоа што ЕВН бара за нив цена од 4,35 денари. Таму коефициентот за пресметка е 0,99, што значи дека тие домаќинства ќе плаќаат поевтина струја за 1 процент.

Вториот блок, односно оние доќинства кои ќе трошат помеѓу 211 и 630 киловати, ќе плаќаат поскапа струја за 7 отсто бидејќи според табелата на РКЕ, таму коефициентот за пресметка е 1.07, а ЕВН бара 4,69 денари по киловатчас.

Цели 20 отсто поскапа струја ќе плаќаат оние кои ќе влезат во третиот блок и трошат помеѓу 631 и 1.050 киловатчасови. Односно таму цената би била 5,27 денари по киловатчас.

Најголемо поскапување ќе има за најголемите потрошувачи. Сите во четвртиот блок кои трошат над 1.050 киловати ќе плаќаат поскапа струја за 320 проценти.

РКЕ во моментот ја носи одлуката за конечните цени на електричната енергија во сите блокови. Во конечните цени ќе бидат вкалулирани трошоците на ЕВН Хоум, АД ЕСМ, МЕМО, АД МЕПСО и Електродиструбиција.

 


Статијата е прочитана 419 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско