БДП со раст од 2,3 проценти во четвртиот квартал од 2021 година

Бруто домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2021 година порасна за 2,3 проценти, а во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9,7 проценти, додека увозот порасна за 22,6 отсто во номинален износ, информира Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, во последниот квартал од минатата година најголем пораст од 9,2 отсто е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, во Ѕ – Информации и комуникации од 5,3 проценти, како и Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 3,1 отсто. Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2021 година номинално пораснала за 10,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 62,5 отсто.

Растот на БДП во првиот квартал од минатата година изнесуваше – 1,9 проценти, во вториот 13,1 отсто, а во третиот 3 проценти.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими на Фејсбук напиша дека официјалните податоци на ДЗС покажаале дека 2021 година ја завршивме со стапка на раст на БДП од 4 проценти, кој е близу до проектираниот од 4,1 отсто.

 


Статијата е прочитана 307 пати.

Сподели: