Вицегувернерката Митреска: „Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви високи“

„Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви се на исклучително солидно ниво и имаме капацитет и простор да ја одржуваме стабилноста на девизниот курс“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска во вчерашното гостување на „Телма“.

„Денарот е стабилен. Јас само би напоменала дека со оглед на режимот на девизен курс што го имаме, она што е за нас клучно е девизниот пазар и девизните резерви. Досега сите промени кај девизните резерви во целост се конзистентни со нашите очекувања. Нивото е високо, некаде околу 3,4 милијарди евра и да нагласам дека ова ниво е повисоко и во однос на нивото што го имавме на самиот почеток на пандемијата. Всушност, по сите параметри на резервите што ги следиме, тие се адекватни и се, де факто, огледало на нашиот капацитет да ја одржуваме стабилноста на курсот“, посочи вицегувернерката Митреска.

Таа истакна и дека во извештајот за нашата економија Меѓународниот монетарен фонд јасно и експлицитно кажува дека курсот е целосно конзистентен не само со економските параметри, туку и со политиките коишто ги водиме и оттаму нема апсолутно никаква потреба од промена на нивото на курсот. 

 


Статијата е прочитана 327 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско