Брендот не е само име туку она што потрошувачот го чувствува за производот

Интервју со м-р Мирјана Паунова, генерален менаџер на „Минако“ во кое зборува за застапништвото на производи за хигиена од светски познати брендови, а од крајот на 2021 и дистрибуција на американскиот бренд Ecolab, за високата општествена одговорност која е императив за „Минако“, па во таа насока за потребите на македонското јавно здравство, за образовните институции и други компанијата обезбеди помош и донираше медицински заштитни скафандери, заштитни маски, средства за дезинфекција, но и за тоа кои принципи, знаења и вештини треба да се почитуваат и да се применуваат за да се обезбедат раст и развој на еден бизнис

 

МАРИЛИ: Госпоѓо Паунова, кажете ни од кога постои и со што се занимава компанијата „Минако“, со кои познати светски брендови работи и која е спецификата на работењето со нив?

ПАУНОВА: „Минако“ е компанија што продава и врши услуга на пазарот во Македонија, а на потрошувачите им е позната од 2003 година. „Минако“ успешно ги препознава и ги задоволува потребите на современите потрошувачи, нудејќи им врвни и иновативни производи за хигиена на едно место. Ние сме официјални застапници на светски познатиот бренд Kimberly Clark Professional, германскиот бренд за професионална хемија Kiehl, италијанските брендови Eurocarta, Filmop, Brenta, Mar Plast, Medial и производите на англиската компанија Pelsis, а од крајот на 2021 година е увозник и дистрибутер на  американскиот бренд Ecolab.

Оваа компанија е доверлив партнер на скоро 3 милиони локации на купувачи, глобален лидер во решенија и услуги во областите на вода, хигиена и заштита од инфекции кои им штетат на луѓето и виталните ресурси. Ширум светот купувачите на прехранбената, здравствената и угостителската индустрија ги бираат Еколаб сеопфатните решенија, чии анализи се базираат на податоци и персонализирани услуги за унапредување на безбедноста на храна, одржување на чиста и безбедна околина, ефикасно работење и постигнување цели на оддржливост.

Спецификата на работењето со бренд производи е кога купувачот ќе каже „ова е најдобро...“, а потрошувачот вели „ова сум јас...“. Брендот не е само име или лого, брендот е тоа што потрошувачот го мисли и го чувствува за производот на компанијата. Брендот се изедначува со репутацијата. Со развојот на техниката и на технологијата секој може да копира производ, дистрибутивна мрежа и цени. Но репутацијата сѐ уште не може да се копира. Потрошувачите мора прво да се поврзат со производот и со услугата, а потоа да веруваат во репутацијата.

 

МАРИЛИ: Како кризата со коронавирусот Ковид -19 влијаеше врз Вашето работење, дали подготвени ги дочекавте побарувањата за Вашите производи и каде се насочивте во овој период?

ПАУНОВА: Со започнувањето на здравствената криза во државата, компанијата „Минако“ ја реорганизираше својата работа во согласност со препораките на Владата, ја презеде обврската за обезбедување средства за лична заштита, здрави и безбедни услови за работа. Продажбата се одвиваше преку новите начини на комуникација: е-пошта, веб-страница, паметни телефони и споделување преку социјалните мрежи. Со ова ново опкружување ние како компанија „размислувавме за потрошувачите“. Во таа насока обезбедивме нов ексклузивен изложбено-продажен простор кој ќе придонесе за поуспешна промоција на брендовите кои ги застапуваме.

Од сегашна перспектива може да оценам дека одлично се справивме со целиот предизвик за континуитет на работењето во услови на пандемија, која покажа дека ништо не смее да биде над јавниот интерес и заштитата на животот на секој поединец.

Европските компании со кои соработуваме и во периодот кога ги преживуваа најтешките моменти во справувањето со тековната тешка криза, ни овозможија преку интервентни набавки да обезбедиме медицинска заштитна опрема и неопходна опрема и средства за дезинфекција. Се насочивме кон безбедноста на човечкиот потенцијал што е најзначаен за секое општество.

Во изминатите години на деловно работење на „Минако“ императив му е високата општествена одговорност. За потребите на македонското јавно здравство, образовните институции и други обезбедивме помош во рамките на своите можности. Дониравме медицински заштитни скафандери, заштитни маски, средства за дезинфекција и друго.

 

МАРИЛИ: Што значи континуирано успешно да се менаџира една компанија, кои принципи, знаења и вештини треба да се почитуваат и да се применуваат за да се обезбедат раст и развој на бизнисот?

ПАУНОВА: За континуирано успешно менаџирање на една компанија менаџерот треба да биде пример што ќе го поставува темпото на работење преку своето однесување, личност што сака да успее треба да знае да ги избере и да ги мотивира вработените што знаат да го следат. За да се обезбедат раст и развој вработените треба да ги сметаме за клиенти број еден. Потрошувачите да ги задоволат со постојаност и точност, јасно да комуницираат и брзо да одговараат на барањата и на проблемите. Секогаш чесно да ги презентираат карактеристиките на производите до доверба и емотивна поврзаност затоа што кога се купува, однесувањето никогаш не е едноставно.

 

МАРИЛИ: Примената на специфични маркетинг стратегии може да го зголеми интересот за производите. Кои вештини ги применувавте во периодот на постојан развој?

ПАУНОВА: Во изминатите години цел не ни беше да најдеме купувачи за производите, туку да најдеме производи за купувачите. Нашите маркетинг менаџери со стратегиско позиционирање на производите успеваат да ги позиционираат во мислите на потрошувачите и комуникацијата ја насочуваат кон победи со напорна и фер игра. Стратегијата е да креираме долгорочни вредности на брендовите и на компанијата. Затоа денес компанијата „Минако“ со својот имиџ има силно влијание врз потрошувачите.

 

МАРИЛИ: Како успешна жена менаџер, дали сметате дека личниот пример може да го поттикне градењето на кариерата на женското менаџерство, претприемаштво и лидерство во општеството?

ПАУНОВА: Мојот успех како успешна жена менаџер е мое лично искуство. За мене успехот е поседување контрола над сопствената судбина. Кога работите нешто што ве исполнува и чувствувате вистинска страст за нешто, инстиктивно наоѓате начин да ја негувате таа страст. Поради тоа, вредните луѓе ја добиваат својата животна награда.

Денешното деловно опкружување бара жени со желба и можност успешно да ги реализираат своите идеи на сите полиња во општеството, а некогаш потребен им е само мал совет од луѓе што веќе успеале.

 

 

 

 


Статијата е прочитана 1353 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско