Вангелов, Кузманоски, Бегова и Несими добитници на наградата „11 Октомври“
Филологот Атанас Вангелов, сликарот Павле Кузманоски, актерката Бедиа Бегова и политикологот Махи Несими се добитници на државната награда „11 Октомври“ во 2021 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Од Министерството за култура соопштија дека Вангелов ја доби наградата за животно дело во областа на науката и образованието, додека Кузманоски, Бегова и Несими ја добија наградата за животно дело во областа на културата и уметноста.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври 2021 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.
Статијата е прочитана 665 пати.