Одложен почетокот на директните летови Москва - Скопје
Руската авиокомпанија „Нордвинд ерлајнс“ го одложува почетокот на летовите Москва – Скопје, кои беа најавени за 21 мај како нова рута во летниот распоред на летови на авиокомпанијата.
Во известувањето е наведено дека поради епидемиолошката состојба авиокомпанијата е принудена да ги одложи директните закажани летови.
Информации за отворањето на летовите Москва - Скопје ќе бидат дадени дополнително.
Претходно, „Нордвинд“ најави отворање нова редовна директна авиолинија меѓу Москва и Скопје еднаш неделно, почнувајќи од 21. мај, со што рутата беше и соодветно испланирана во летниот ред на летање на ТАВ Македонија за Меѓународниот Аеродром Скопје со термин секој петок попладне, со време на поаѓање од московскиот аеродром „Шереметјево“ во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути
Статијата е прочитана 696 пати.