Програмерите со највисока просечна плата во декември од 76 223 денари
Според Државниот завод за статистика дури 55 дејности или една половина се со просек помал од просечната плата која изнесувала 28.294 денари
Корона-кризата, се чини немаше големо негативно влијание на растот на платите во декември минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика просечната нето плата исплатена во декември минатата година изнесувала 28.294 денари, а платите се движеле од 15.933 до 76.223 денари.
Највискои плати повторно земале вработените во информатичката дејност и комуникациите со просечна нето исплатена плата од 56.998 денари. Просекот го креваат компјутерските програмери со плата од 76.223 денари. На второ место се вработените во телекомукациската дејност со просечна плата од 50.034 денари, а потоа следуваат вработените во фармацевтските компании со просек од 47.940 денари и во финансиските дејности и осигурувањето каде што просекот изнесува 46.795 денари.
Иако далеку од најдобро платените дејности, над државниот просек во декември се и платите на здравствените работници кои земале просечна плата од 35.950 денари.
Сепак, според ДЗС, дури 55 дејности или една половина се со просек помал од просечната плата.
Убедливо најниска плата од 15.933 денари земаат вработените во заштитни и истражни дејности, потоа следуваат производство на кожа и слични производи од кожа со просечна плата од 16.777 денари, па туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив, со просечна плата од 17.189 денари.
Статијата е прочитана 773 пати.