Денеска ќе се одржи стручна сертифицирана работилница „Невромаркетинг“

Предавач на онлајн работилницата е проф.д-р Сашо Манасов, одличен познавач со теоретско и практично знаење и учество во истражувања за невромаркетинг, како и креатор и менаџер на лабораторија за невромаркетинг на Меѓународен славјански универзитет „Г.Р.Державин“

 

Денеска (28 јануари) од 18:00 до 22:00 часот ќе се одржи стручна сертифицирана работилница „Невромаркетинг“. Предавач на работилницата ќе биде проф.д-р Сашо Манасов, одличен познавач со теоретско и практично знаење и учество во истражувања за невромаркетинг, како и креатор и менаџер на лабораторија за невромаркетинг на Меѓународен славјански универзитет „Г.Р.Державин“.

Невромаркетингот претставува револуционерно поле на маркетинг истражувања: потрошувачка неврологија која го проучува мозокот (софтвер што интегрира и синхронизира повеќе биометриски сензори кои овозможуваат увид во човечки психо-физиолошки појави) за да го предвиди однесувањето и донесувањето одлуки на потрошувачите.

Работилницата ќе се одржи онлајн преку платформата Zoom. Сите учесници добиваат сертификат за учество и книга „СОВРЕМЕН НЕВРОМАРКЕТИНГ - потрошувачка неврологија: однесување на потрошувачите од перспектива на мозокот“. Изданието е печатено е на 150 колор страници, а ќе им биде испратено на учесниците по пошта, по одржување на работилницата.

За учество на работилницата треба да се плати котизација од 2.490 денари по лице. За пријавени троца или повеќе учесници од исто правно лице следува 20% попуст по лице. Уплатата треба да се изврши за Примач: Институт за инженерска економија, на жиро сметка: 200002690444081 (Стопанска банка) со назнака „За работилница невромаркетинг“.

Пријавувањето се прави на sasho.manasov@msu.edu.mk или на телефонскиот број 076 499 577


Статијата е прочитана 752 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско