Еднодневна обука „„Женското лидерство – компромис помеѓу семејството и професијата – од потенцијал до талент“

Вебинарот што ќе се одржи на 23 јануари 2021 во хотел „Сити Палас Охрид“ ќе се реализира под мониторинг на Интернационалното здружение за Емоционална интелигенција, Њујорк САД

  

 

На 23 јануари во хотелот „Сити Палас Охрид“ ќе се одржи еднодневна обука/вебинар „Женското лидерство – компромис помеѓу семејството и професијата – од потенцијал до талент“, за постигнување индивидуална и организациска хармонија. Реализацијата на обуката ќе биде мониторирана од страна на Интернационалното здружение за Емоционална интелигенција, Њујорк САД.

Вебинарот ќе го модерира проф. д-р. Љупчо Кеверески, национален координатор на Интернационалното здружение за Емоционална интелигенција, Њујорк, САД, а предавачи ќе бидат проф.д-р Бисера Карановиќ, продекан на Висока пословна школа ПАР во Риека, Хрватска која ќе говори на тема: „Женското лидерство во високото образование во Р.Хрватска“, д-р Иванка Корез, директор на ОУ Цирковце, Р.Словенија и ќе предава на тема „Женското лидерство во Р.Словенија (лични импресии и искуства)“, потоа Лидија Трипуноска, генерален менаџер на Агенција „Марили“, Скопје која ќе зборува на тема „Женското лидрество во Р.С. Македонија“ и проф.д-р Константин Петковски, Хајделбер Институт, Скопје на тема „Феноменот на лидерството“

Обуката има повеќе цели: утврдување на психолошкиот профил на лидерството, кои посебно се однесуваат науправување со себе, сфаќање на успехот, стил на раководење, управување со другите, селф концепт,  комуникација, стрес менаџмент, адаптација во нови услови и општо расположение, потоа утврдување на стилот на раководење, проценка на емоционалните компетенции, мерење и утврдување на коефициентот на емпатичност.

„Жените во деловниот свет се вистинско ’освежување’ во организацискиот раст и развој со оглед на нивните божествени дарови, билошки посебности, уникатниот свет на женскиот сензибилитет, интуитивните и емпатичките предиспозиции, латентни талент потенцијали и многу други персонални атрибути. Оваа констатација би била вистинска кога ’биполарното соперништво’ би се заменило со ’инспиративно интеркомпатибилно лидерство’. Современите научни констатации алармираат за евидентна крза во областа на лидерството, посебно во постоење и појава на лидери со уникатни харизматични обрасци во својот личен и професионален идентитет.

Од тие прични актуелизацијата на проблематиката на Жените во деловниот свет, како и потребата за комплементарно машко-женско визионерство во деловниот светсе вистински воведни импулси за покана за поттикнување и развој на вашите таленти и да се вклучите со вашето искуство, знаење, компетентност во функција на повисоки лични и професионални успеси како императив на индивидуалниот и организацискиот раст и развој, преку одговорите за многуте дилеми во следните области“, вели организаторот на обуката притоа наведувајќи ги неколкуте прашања за кои се бараат одговори:

•     Дали продолжува маргинализацијата на женското лидерство?

•     Кои се карактеристиките на психолошкиот профил на жените лидери?

•     Какви се разликите помеѓу женското и машкото лидерство?

•     Дали е потребна редефиниција на моќта и поимот лидерството?

•     Дали интуитивноста на женското лидерство е моќниот екстракт?

•     Дали  се уште е присутно стереотипното поимање за нивната улога?

•     Колку жените со нетрпение чекаат прилика на отворената лидерска сцена?

•     Дали знакот СТОП за жените лидери (не) е пробивен?

•     Дали е потребна ревизија на современата организациска доктрина?

•     Дали владее супериорноста на светот на машките лидери?

•     Колку се видливи аспирациите на женската лидерска сенка?

•     Кои се 21 век би го обележале жените и нивните деловни успеси?

•     Се руши ли митот и филозофијата на секојдневието за машко-женскиот

свет?

Целна група на вебинарот се сите оние кои се заитересирани за себе и за другите, актуелни и потенцијални лидери од различни организациски нивоа, студенти, родители, ученици и друг заинтересирани.

Обуката ќе биде еднодневна и ќе се реализира преку 4 модули од по 60 минути (од 10:00 до 12:00 часот и од 13:00 до 16:00 часот.) Дел од учеснците ќе добијат линк за онлајн поврзување пред одржување на обуката.

Во реализација на обуката ќе се користат Power Point презентации како и други современи методско-дидактички елементи. Посебен акцент ќе биде ставен на размена на практичи искуства помеѓу учесниците и модераторите на сесиите. Во реализацијата се вклучени и адекватни евалвациони, самоевалвациони и други инструменти за дијагностицирање на ефектите и квлитетот на реализираните и идните процедури

Физичко присуство се однесува на 15-20 учесници, исто толку и на онлајн присуство

Организаторот најавува дека обуката ќе се реализира според највисоки стандарди кои се однесуваат ма препораките за заштита од Ковид-19

Цена на обуката

-       20 евра, физичко присустви (15 евра, 5 дена по добивање на информацијата

-      15 евра онлајн (пријавување 5 дена по добивање на информацијата

За повеќе од 2 учесници од исто семејство/организација предвидене попуст 30%

За студнти и постдипломци 10 евра

Уплатата се врши на жиро сметка на Интернационален Центар за Емоционална Интелигенција (ИЦЕИ)-Охрид, жиро сметка:240 120 113 342 583 Уни банка

Заинтересираните може да добијат подетални информации на телефон 070/264-787 и на e-mail адреса kever@mt.net.mk

Структура на услугите и бенефиции на обуката: работни материјали, реализација на работилници, вежби, освежување за време на кафе паузите, примена на прашалник за утврдување на разликите во нивото и степенот на позитивна енергија и креативна деструкција, сертификат.

Посебен дел:книга Емоционална интелигенција нова визија во лидерството, проф.д-р Марија Котевска-Димоска и проф.д-р Љупчо Кеверески.

 


Статијата е прочитана 749 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско