Битолчанец заработил 3,5 милиони евра во 2019, а стружанец зел највисока плата – 156.000 евра
Најбогатиот граѓанин во нашата држава е од Битола и тој во 2019 година заработил 3,5 милиони евра. Највисоката плата, пак, лани била исплатена на лице од Струга, од индустријата со метали – овој граѓнин годишно пријавил бруто доход од 1,9 милиони евра, што значи месечната плата му била 156.000 евра. Ова се дел од податоците кои Управата за јавни приходи (УЈП) ги објави од обработените годишни даночни пријави за 2019 година.
Од Управата информираат дека за 35.365 граѓание е утврден бруто доход од над еден милион денари, додека најголемот број граѓани, 638.210 лица оствариле бруто доход меѓу 100 илјади и еден милион денари. Како што истакна директоркта на УЈП, Сања Лукаревска, во споредба со 2018 година во 2019 има значително намалување на остварените приходи по сите основи, а како за споредба истакна дека прво рангираниот во 2019 со овој доход, во 2018 би бил на 9 место.
Лани, на листата највисоко рангирани бруто плати се платите исплатени во здравство, аптеки, образование, комбинирани канцелариски и административни услужни дејости и производство на горна облека. Во сферата на самостојното вршење дејности во 2019 напрофитабилни биле адвокати, нотари, извршители и угостители
Според УЈП, највисокото лично примање по друг основ за привремено вршење услуги кон градежна компанија пријавило лице од Скопје, во вредност од 789.000 евра. Највисока капитална добивка од речиси 1,5 милион евра остварил скопјанец од продажба на сопственички удел во странска компанија, додека највисоката дивиденда од 3,4 милиони евра е исплатена на битолчанец, сопственик на бизнис од градежништвото.
Највисока пензија лани му била исплатена на пензионер од Штип, чија бруто пензија изнесува 8.064.865 денари, или над 130.000 евра, највозрасниот милионер во државата има 101 година, додека најмладиот е на возраст од 6 години.
Статијата е прочитана 864 пати.