Интервју со м-р Барбара Оленик Станичиќ: Хрватска со континурани вложувања ја достигна целта да биде една од најбараните туристички дестинации во Европа

Интервју со м-р Барбара Оленик Станичиќ, директорка на Секторот за управување со човечки ресурси во „Јадран“ д.д Цриквеница, во Р. Хрватска, компанија којашто успешно работи повеќе од 60 години. „Јадран“ располага со 16 хотели на четири дестинации, над 1600 сместувачки капацитети во хотели и резорти, како и над 700 парцели во кампови. 

М-р Оленик Станичиќ долги години е во хотелско-туристичкиот сектор, а исто така е и претседателка на Хрватската стопанска комора – Жупаниска комора на Ријека. 

Годинава Оленик Станичиќ ќе биде дел и од регионалниот „Марили Бизнис Форум“ 2025, кој ќе се одржи во мај и ќе биде посветен на туризмот и неговиот развој преку сите негови форми.

МАРИЛИ: Што претставува „Јадран д.д Цриквеница“? Од кога постои, колкав е капацитетот на комплекс хотели и што се им нуди на гостите?

ОЛЕНИК СТАНИЧИЌ: Хотелско-туристичката компанија Јадран д.д во Цриквеница е една од најпопуларните туристички дестинации на Северен Јадран и работи повеќе од 60 години, поточно од 1964 година. Долгата традиција е потврда дека „Јадран“ денес е еден од водечките туристички компании на Кварнер, а своето долгогодишно искуство го темели на највредните ресурси, а тоа се вработените кои низ годините вредно работат во „Јадран“ и на гостите им пружаат висококвалитетни услуги и гостопримство.

Денес компанијата располага со 16 хотели на четири дестинации, и тоа на Цриквенската ривиера, Макарската ривиера, во Постири на островот Брач и во Омиш на островот Крк. Располагаме со над 1600 сместувачки капацитети во хотелите и резортите, како и со над 700 парцели во камповите.

На гостите им се нуди многу разновидна понуда, од одмор за време на летните месеци, активности надвор од хотелите, врвна гастрономија, здравствен туризам во соработка со бројни истакнати поликлиники, конгресен туризам итн.

Сето ова овозможува да работиме преку целата година и затоа денес „Јадран“ е една од најатрактивните компании.

МАРИЛИ: Колку долго сте на позиција менаџерка/директорка и кои се основните карактеристики на вашата позиција?

ОЛЕНИК СТАНИЧИЌ: На позиција директор на Секторот за управување со човечки ресурси во „Јадран д.д. во Цриквеница“ сум од 2000 година.

Во текот на претходното работно искуство стекнав богато искуство во водење тимови и оптимизирање на деловните процеси. Како дипломиран правник, моите први чекори во светот на бизнисот беа поврзани со туристичкиот сектор, каде останав до денес, а од 2015 година ја извршував позицијата директор за човечки ресурси во туристичка компанија во Опатија, што ми овозможи да развијам експертиза во областа на управување со човечки ресурси, стратегии за регрутирање, обука и развој и имплементација на политики кои ја поддржуваат организациската култура и успех.

Основните карактеристики на работењето на позицијата менаџер за човечки ресурси вклучуваат широк опсег на одговорности. Клучна улога е управувањето со човечките ресурси и обезбедувањето на сигурност дека организацијата го има потребниот персонал за да ги постигне своите цели.

Ова вклучува регрутирање, селекција и вработување, како и управување со таленти и развој на вработени преку програми за обука и развој. Менаџерот за човечки ресурси, исто така, мора да обезбеди усогласеност со законодавството поврзано со работните односи и вработувањето, што е особено важно за правната сигурност на организацијата.

Дополнително, менаџерот за човечки ресурси е одговорен за одржување на позитивна работна атмосфера, развивање стратегии за мотивација и ангажирање на вработените и управување со перформансите и наградите.

Решавањето на конфликтите во тимот, поддршката на вработените во нивниот професионален развој и градењето кохезија на тимот се исто така клучни одговорности.

Како менаџер за човечки ресурси, негувам емоционална интелигенција, развивам преговарачки вештини и дипломатски пристап кои ми помагаат ефикасно да управувам со чувствителните ситуации.

МАРИЛИ: Колку според Вас, човечките ресурси се темел и сила која ја води компанијата и го овозможува нејзиниот развој? Колку се вложува во едукации и усовршување на стекнатите знаења во Вашата компанија?

ОЛЕНИК СТАНИЧИЌ: Како што претходно нагласив, вработените во Јадран се неговата најголема вредност и клучна причина за долгогодишната традиција на работата и развојот на компанијата.

Како би се осигурал понатамошниот развој на компанијата, Управата континуирано вложува во специјализирани едукативни програми за производствените занимања, како што се готвачи, келнери, рецепционери, собарки, и секако во изучување на странски јазици. Тоа е предуслов кој компанијата мора да го исполни како би била конкурентна и да може да ја надмине конкуренцијата на пазарот и да понуди висококвалитетни услуги.

Компанијата континуирано вложува во развој на раководниот кадар, овозможувајќи им стручно усовршување и едукација, како би ги унапредиле своите вештини и би допринеле за успехот на компанијата.

Затоа и јас неодамна завршив MBA – Магистерски студии за бизнис администрација во областа на Лидерството. Освен тоа, компанијата ги следи и младите кадри и стипендира уленици кои потоа ги вработува во компанијата. Низ додатна едукација влијаеме и на интерграција на одреден број на странски работници заедно со домашните.

МАРИЛИ: Со оглед на тоа дека недостатокот на работна сила е глобален проблем, како Р. Хрватска, а посебно Вашата компанија се снаоѓа по ова прашање во хотелско - туристичката индустрија? Од каде најчесто доаѓа странската работна сила?

ОЛЕНИК СТАНИЧИЌ: Недостатокот на работна сила е глобален предизвик во индустријата поврзана со патувања во цел свет, па така и во Хрватска.

Но, Хрватската влада, со оглед на тоа дека туризмот има огромно значање за хрватската економија во која туризмот учествува со 20 отсто од Бруто Домашниот Производ (БДП), навремено ја препозна важноста, низ одредени мерки  да влијае и да се одигура доволен број на разботници во туризмот.

Така е прилагодено низ законски прописи чијашто цел беше забрзано издавање на работни дозволи за странски работници, па низ тие промени и даночниот правилник за да можат странските работници да добијат повисоки плати туризмот стана уште поатрактивен за работа.

Нашата компанија се уште има најголем број домашни вработени, а странските работници најчесто ни доаѓаат од соседните земји Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, и секако од Македонија, што нас посебно не радува затоа што вашите сограѓани се покажаа како едни од наjвредните и најработливите.

Исто така, дел од странските работници доаѓаат од далечните земји како Филипините, Непал, Бангладеш и други.

МАРИЛИ: Вие сте и претседателка на Хрватската стопанска комора – Жупаниска комора на Ријека. Од оваа перспектива, која е Вашата перцепција за инвестициите и инфраструктурните проекти кои се спроведуваат во туристичкиот сектор, со оглед на фактот што Р. Хрватска бележи најголем раст на туризмот во регионот?

ОЛЕНИК СТАНИЧИЌ: Што се однесува до туризмот генерално, Хрватска на време ја препозна потребата за прилагодување на домашниот туристички модел кој со години беше присутен во правец на неговиот понатамошен развој и во правец на одржливост.

Целта повеќе не е раст на капацитетите, туку раст на квалитетот на понудите и услугите, односно, целта е одржлив туризам.

Затоа, пред две години беше изработена нова стратегија за одржлив развој  на хрватскиот туризам кој е во полна примена.  

Бројните инвестиции во Хрватска кои се одвиваат во туризмот се насочени кон подигање на категориите на постечките капацитети, подобрување на квалитетот и одржливоста низ балансот на користење на ресурсите за економска ефикасност, при што се води и поголема грижа за локалното население.

На пример, на подрачјето на нашата жупанија (општина) во моментов се реализираат неколку големи туристички проекти, како нов хотел на островот Црес, нов хотел во Ичичи покрак Опатија, и двата на синџирот хотели „Мериот“, потоа изградба на сосема нов резорт на островот Раб во состав на групацијата Валамар, како и многу други проекти.

Сите наведени објекти се највисока категорија и значително ќе ја унапредат туристичката понуда на нашиот регион Кварнер и долгорочно ќе осигураат нови работни места на нашите сограѓани.

МАРИЛИ: Вие со децении работите во хотелиерството. Освен во развој на човечки ресурси, напредокот и развојот значат и инвестирање и во други сфери. Колку е вложено во унапредување, реновирање и модернизација на хотелите во коишто работите?

ОЛЕНИК СТАНИЧИЌ: Во нашата компанија во изминатите 5 години, односно од доаѓањето на сегашниот сопственик, вложени се десетици милиони евра, и тоа во модернизација на нашите објекти и во подобрување на квалиетот на понудите. Вложувањата на сопственикот беа насочени во нови аквизиции, како што е хотелот View во Постира на островот Брач. Во блиска иднина планираме нови вложувања кои значително ќе ја унапредат нашата понуда и додатно ќе не позиционираат на меѓународниот пазар.

МАРИЛИ: Колку според Вас е важна промоцијата и кој начин на рекламирање го сметате за најефикасен?

ОЛЕНИК СТАНИЧИЌ: Промоцијата воопшто, е многу важен сегмент во бизнисите поврзани со туризмот, бидејќи преку промоцијата комуницирате со пазарот и пренесувате сѐ што им нудите на потенцијалните гости.

Нашата компанија континуирано вложува во промоција преку бројни маркетинг компании, а својата понуда ја презентираме и на бројни туристички сајтови.

Во промоцијата се трудиме да ги следиме современите трендови, па затоа инвестираме многу во промоција преку дигитални комуникациски канали, како што се разни онлајн платформи за патувања, социјални мрежи, специјализирани онлајн туристички портали итн. Во промоцијата на нашите понуди многу ни помага и националната промоција на нашата земја.

Хрватска денес е препознаена како една од водечките европски туристички земји, а тоа се одразува и на препознатливоста на самите дестинации во Хрватска. Сето тоа го потврдуваат и бројните награди, а би ја издвоила најновата награда на порталот “Best European Destinations“, каде Хрватска е наградена како најдобра европска дестинација за 2025 година.

Потоа наградата за најдобра одржлива дестинација која минатата година и припадна на Меџумурје, или пак наградата за најдобро туристичко видео „Travy Award“ од 2018 година.

МАРИЛИ: Накусо, која е Барбара Оленик Станичиќ приватно и што ја прави среќна?

ОЛЕНИК СТАНИЧИЌ: Најпрво, јас сум мајка и сопруга, па дури потоа деловна жена. Моето семејство е мојот најголем приоритет и најважниот дел од мојот живот. Сакам да поминувам време со мојот сопруг и нашиот 9-годишен син, а семејната поврзаност и поддршка се клучни вредности за мене.

Во слободното време сакам да патувам, бидејќи верувам дека новите искуства и заедничките моменти на патувањата се одличен начин за зајакнување на семејните врски и создавање спомени.

Дополнително, спортот ми е голем афинитет, а фудбалот (и репрезентативен и клупски) ми е особено драг спорт.

Уште од мала татко ми ме носеше на натпревари на ХНК Ријека и тоа е нешто што го задржав до ден-денес. Одам на натпревари со син ми, сопругот и секако со татко ми.

Како сопруга, мајка и менаџер, се трудам да ги избалансирам сите овие улоги. Имам голема поддршка од сопругот и родителите, па затоа успевам.

Многу е важно да се има баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот, за да можете да го дадете најдоброто од себе и во семејството и во работата.


Статијата е прочитана 387 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско