Интервју со виолинистката Ева Богоевска – „Виолината ми е прва љубов, а синот Иан најголемо животно достигнување“

Интервју со Ева Богоевска, млада, талентирана и еминентна виолинистка со плодна и успешна кариера. Зборува за првата љубов - виолината, но и за, како што вели, нејзиното најголемо животно достигнување, синот Иан којшто се роди минатата година. Младата мајка зборува како паралелно се снаоѓа со мајчинството и работата, што ја исполнува, но и за нејзиниот талент и карактерни особини коишто ја направија Ева тоа што е денес, врвна виолинистка од светски калибар. Богоевска зборува за досегашните достигнувања, за идните планови, како и за веќе закажаните настапи. Добитничка е на многу први меѓународни награди кои ги добива уште како јуниорка, па сѐ до денес.
МАРИЛИ: На стартот на годината, да се навратиме на најубавите настани кои ја одбележаа 2024 година, како на деловен, така и на приватен план?