Бела Вода црвено на „Винарија Тиквеш“ прогласено за најдобро вино од Македонија на Open Balkan Wine Trophy Competition

Бела Вода црвено вино на „Винарија Тиквеш“ прогласено за најдобро од Македонија на Open Balkan Wine Trophy Competition!

Горди сме што можеме да објавиме дека Бела Вода црвено 2021 од портофлиото на „Tikveš Châteaux & Domaines” го освои Националниот трофеј за најдобро вино во Македонија на овогодинешниот Open Balkan Wine Trophy Competition во Белград. Оваа престижна награда го истакнува исклучителниот квалитет на нашата мешавина од Вранец и Плавец, произведена од 50-годишни лозја и признаена со 95 поени од винскиот критичар Роберт Паркер.

На натпреварот, кој беше дел од најголемиот вински саем на Балканот Wine Vision by Open Balkan, повеќе од 1.000 вина од Србија, Албанија и Македонија беа оценувани од меѓународно признати вински судии, вклучувајќи седум Masters of Wine, под претседателство на Каролин Гилби MW, експерт за балкански вина и вина од Југоисточна Европа.

Покрај награденото вино, на саемот беа претставени и останатите премиум вина на „Tikveš Château & Domaines“, кои се познати по нивната тероарска уникатност и врвен квалитет.

Во рамки на саемот одржавме и мастер-класови од водечки стручњаци, кои го пренесоа своето знаење на присутните.

Ова достигнување ја зајакнува улогата на Тиквеш како најнаградувана винарница во регионот и лидер на пазарот во Македонија и Србија, благодарение на својот квалитет и иновации во производството.


Статијата е прочитана 50 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско