Претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша Декларацијата на намери, со што јавно ја поддржа борбата против насилство врз жени и девојки
На централниот настан „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“, организиран од OSCE Mission to Skopje, се собраа релевантни чинители за да се утврдат конкретни решенија за борба против насилството врз младите жени и девојки и да се поттикнат трајни промени.
Со потпишувањето на Декларацијата на намери, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со што јавно ја поддржа борбата против насилството врз младите жени и девојки, која содржи десет акциски точки што ОБСЕ ќе ги поддржи во 2025 година.
„Најважна за лекувањето на проблемот е идентификацијата, видливоста на оние кои се најранливите категории зошто идентификацијата тогаш е со нив и се чувствуваат покомотно и позаштитено“, истакна Претседателката повикувајќи ги сите, не само жената и децата да ја прекинат тишината и молкот.
Централен дел на настанот беше потпишувањето на Декларацијата на намери, како јавна заложба за борба против насилството врз младите жени и девојки и којашто содржи десет акциски точки со конкретни мерки кои Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ги поддржи во 2025 година. Декларацијата беше потпишана и од министерката за образование, Весна Јаневска, претставници на локални училишта, младински организации и НВО-и активни во борбата за ставање крај на насилството врз жените.
Статијата е прочитана 92 пати.