Одржана 11-та конференција „Жени без ПАРдон“ во Ријека, Р. Хрватска - инспирација за жените да се движат кон својата цел без ПАРдон

Во четврток, 21.11.2024 година, Универзитетот ПАР од Ријека, Р. Хрватска беше домаќин на 11-тата по ред Конференција „Жени без ПАРдон“. Организатор на „Жени без ПАРдон“ е Гордана Николиќ, сопственичка и деканка на Универзитетот ПАР од Ријека.  Конференцијата којашто повеќе од една деценија на едно место ги собира успешните жени и нивните приказни, годинава постави нови стандарди со инспиративни расправи, лични сведоштва и хуманитарни заложби.

Конференцијата беше отворена со панелот „Одважноста на врв – жени на раководни позиции“ на кој учествуваа Луција Јукиќ, директорка за продажба и маркетинг во „Јадран“ хотели, како и Ката Павловиќ, директорка на „Цептер“ Хрватска. Панелистките говореа за своите искуства во носењето на одлуки кои го менуваат текот на работењето, за предизвиците со кои се сретнуваат во балансирањето на професионалните и приватните обврски, како и за стратегијата за препознавање и користење на приликите/можностите.

Посебно внимание беше посветено на новата ЕУ Директива за родова рамноправност на раководни позиции. Двете панелистки се сложија дека ЕУ Директивата е исчекор напред, но ја истакнаа потребата од поддршката за жената низ менторство, едукација и измени во организациката култура.

Кон средината на конференцијата, во посебно емотивна атмосфера, силен впечаток остави еден-на-еден раговорот помеѓу Марија Мажар, главна уредничка на порталот Стилуета и Анџа Мариќ, позната хрватска пејачка и авторка. Разговорот ги зафати личните борби, креативните процеси и силата на женственоста во соочувањето со најголемите животни предизвици. „Јас својата спасителка ја видов во огледало“, рече Анџа чијашто приказна силно одекна во публиката.

На вториот панел „Силата на конецот – жени во текстилот“, понуди свежи согледувања за улогата на жените во наизглед традиционална, но исклучително трансфоримирачка индрустија. Јосипа Маслаќ- Патричевиќ, основачка на „Нафталина“, Јагода Дивиќ, од ХГК Сеторот за индустрија и одржлив равој, како и Антоанета Шимуновиќ, основачка на Luxury Living Croatia, ги споделија предизвиците со коишто се соочуваат жените во текстилната индустрија и ја истакнаа важноста од иновации и одржливост. „Нашата индустрија не е само работа, туку приказна за културата, заедницата и наследството коешто сакаме да го пренесеме на следните генерации“, истакна Јосипа, Маслаќ - Петричевиќ.

Најсвечен момент вечерта беше доделувањето на наградата PARdonna, која годинава и припадна на Катица Хауптфелд. Во говорот за благодарност Хауптфелд истакна дека успехот доаѓа за оние кои не се плашат да сонуваат големи сништа и кои неуморно работат на остварување на истите.

Конференцијата оваа година немаше само едукативен и инспиративен карактер. Застапен беше и хуманитарниот аспект. Сите учесници и присутни ја поддржаа акцијата на Здружението „Срце за неа“ за помош на Мелита Маслак, која боледува од карцином, а собраните средства би помогнале во финансирање на нејзиното лечење.

Организаторите им се заблагодарија на сите кои допринесоа оваа конференција да добие и благородна димензија.

Конференцијата „Жени без ПАРдон“ уште еднаш го потврди својот статус на место на кое се сретнуваат идеи, искуства и приказни кои ја менуваат перпективата и ги инспирираат жените да се движат кон својата цел без пардон. 


Статијата е прочитана 143 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско