Марина Анчевска – креатор на единствената сертифицирана Системска коучинг програма во регионот
Интервју со Марина Анчевска, акредитиран системски мастер коуч и НЛП мастер тренер, сопственичка и Извршна директорка на Центарот за бизнис психолгија, Системски НЛП, ЈИЕ – Скопје.
Центарот за бизнис психологија се издвојува по системскиот пристап, вели Анчевска, која додава дека и во самите НЛП програми и во сертифицираната коучинг едукација се вклучени уникатни системски вежби и техники кои имаат цел да поттикнат трансфорамација не само на когнитивното поле, туку и на соматско, енергетско, емоционално и системско поле.
Анчевска успешно ја организираше првата меѓународна коучинг конференција во земјава и регионот којашто како што вели таа, е резултат на нејзиното долгогодишно работење во областа на професионалниот коучинг, менторство и тренинг.
МАРИЛИ: Најпрво честитки за одличната организација на Првата меѓународна коучинг конференција која ја инициравте и спроведовте токму Вие? Оттаму прашањето, од каде потекнуваат инспирацијата и идејата за одржување на еден ваков грандиозен настан во сферата на коучингот?
АНЧЕВСКА: Ви благодарам на честитките и секако на вашата поддршка низ сите овие години на раст и развој на Центарот за бизнис психологија и на мене како професионалец.
Идејата за одржување на Првата меѓународна коучинг конференција се наметна како резултат на моето долгогодишно работење во областа на професионалниот коучинг, менторство и тренерство.
Низ годините работев многу на промовирање на коучингот како професија и од таму дојде инспирацијата за организација на конференцијата која пред сѐ имаше за цел да ја истакне потребата на коучингот како професија и воедно истата да го добие своето заслужено признание.
Коучингот како професија припаѓа во неформалното образование и неговото значење сѐ уште не е признаено и валидирано на начин на кој го заслужува.
Целта на коучинг конференцијата беше да го доближиме коучингот и бенефитите од истиот до сите индивидуалци, лидери, тимови, компании и до оние кои се стремат кон личен и професионален развој. Токму и тие беа учесници на истата.
Секако дека истата немаше да ја постигне својата цел без поддршка на моите партнери Ад Вербум евенти, како и нашите поддржувачи и спонзори.
МАРИЛИ: На Првата меѓународна коучинг конференција говереа експерти од многу области. Кои беа главните теми и што се работеше?
АНЧЕВСКА: Темите беа поврзани со практичната примена на коучингот и како истиот може да помогне во процесот на индивидуален и професионален раст и развој.
Говорниците, врвни експерти со долгогодишно искуство во коучингот, на свој уникатен начин, кај секој од учесниците, пред се, поттикнаа размислување и преиспитување на своите лични обрасци на дејствување, несвесните улоги на справување, ја проширија рамката низ која се доживуваме себе си и несебично споделија практични алатки кои можат да се применат во секојдневието со цел да ја поттикнат посакуваната промена.
Инспиративните разговори со панелистите кои се реномирани професионалци во својата област, го потврдија значењето на примената на коучинг алатките во професионалното опкружување.
Панелистите на учесниците им понудија увиди и практични совети за тоа како со помош на коучингот ќе можат поефикасно да водат луѓе и процеси. Инспиративни беа и поздравните обраќања на Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори и Љупчо Ефтимов, продекан за настава и професор на Економскиот факултет во Скопје.
Нивните говори го потврдија значењето на лидерството и коучингот, како и значењето на неформалното образование.
На конференцијата имавме чест да го вклучиме онлајн во живо Џон Витингтон, авторот на книгата „Системски коучинг и констелации”. Разговорот со него им овозможи на учесниците да го разберат значењето на системскиот пристап во коучингот.
Благодарение на Ад Вербум кои ја преведоа неговата книга, сега истата за прв пат е достапна и за нашите читатели.
Практичните работилници кои се одвиваа во вториот дел и беа достапни за помала група, оставија голем впечаток кај сите учесници. Истите имаа можност да поминат низ интересни коучинг процеси и да добијат увиди во однос на нивните прашања и предизвици на лично и професионално ниво.
МАРИЛИ: Кои се заклучоците и придобивките од Првата меѓународна коучинг конференција?