5 –ти Форум за екотуризам преку регионални практики
Здружение за екологија,туризам,органско производство и истражувачка дејност Еко Партнерс има чест да Ве покани на 5-ти „Форум за еко туризам преку регионални практики ,на 09.11.2024 во 10.00 часот во хотел Александар Палас.
На Форумот со задоволство Ве информираме вклучени се експерти :
1.Проф. д-р Орце Симов
Потпреседател на Сојуз на стопански комори на Македонија
Претседател на ИКТ комора
2. Дијана Катица - Претседател на хрватска асоцијација за туризам и рурален развој ,,The Viliage Membership Club``, Директор на европската културна рута во Хрватска (Iter Vitis Croatia)
3. Доц. д-р Љупчо Јаневски-Универзитет Скопје
4. Проф. д-р Владимир Стојановиќ, Редовен професор, шеф на катедра на Универзитет Нови Сад, Природно- математички факултет, Катедра за географија ,туризам и хотелиерство
5. Проф. д-р Христина Димеска Трајкова - Природно-математички факултет, Рурален туризам
6. М-р Александар Клинчаров - Претседател на здружение Мaкедонски дестилерии,винарија и дестилерија Клинчаров
7. Ана Лабор – Spirit of Prespa – Здружение за рурален развој
8. Игор Гешоски - Еко логистик -Скопје
Екотуризмот е еден од најбрзорастечките сектори во туристичката индустрија, со годишна стапка на раст од 20-34%
• Повеќе од 1 милијарда патувања годишно се прават во потрага по туризам и екотуризам базиран на природата
• Екотуризмот придонесува за зачувување на биолошката разновидност и промовира одржлив развој во локалните заедници
• Околу 20-30% од меѓународните туристи се сметаат за екотуристи
• Просечната годишна стапка на раст за меѓународните пристигнувања во екотуризмот се проценува на 6%
• Екотуризмот поддржува вработување на милиони луѓе ширум светот
• Над 55% од екотуристичките оператори имаат усвоено одржливи практики насочени кон зачувување на природните ресурси
• Просечното времетраење на престојот за екотуристите е 10 дена, повисоко отколку за конвенционалните туристи.
Во Македонија се очекува позитивен развој на еко-туризмот во областите во кои се поддржува и стимулира одржливоста на културните и природни убавини на дестинациите,воведувајќи го еко-туризмот се креираат нови туристички атракции, се зајакнува локалната заедница,се развива услужната дејност и претприемништвото на локалното население, и се создаваат услови за нови зелени работни места и оддржливост на дестинациите.
Бидете дел од настанот кој ќе ве инспирира и ќе ги слушнете најновите практики за екотуризамот, инспиративни примери и можност за вмрежување.
Статијата е прочитана 229 пати.