„ЕЛИТ Травел“ – Синоним за одлична организација и логистика за далечни патувања
Интервју со Слаѓана Стаменкова, генерален менаџер на туристичката агенција „ЕЛИТ Травел ДООЕЛ“ од Скопје, која постои и успешно работи повеќе од 13 години. Стаменкова е професионалец со 30-годишно работно искуство, а вработените во туристичката агенција се врвни професионалци кои секогаш им се на располагање на клиентите. Сите членови на тимот имаат IATA сертификати како и сертификати за глобалните системи за резервација на Amadeus и Galileo. Сите вработени се и сертифицирани туристички придружници.
Стаменкова беше прогласена за една од најдобрите жени менаџери за 2017 година од агенција „Марили“.
МАРИЛИ: „Елит Травел“ е една од најреномираните туристички агенции, особено во организирање на далечни патувања на егзотични дестинации? Има ли нови дестинации во вашите понуди за оваа година?
СТАМЕНКОВА: Епитетот, најреномирана туристичка агенција, веројатно го создадоа нашите клиенти кои со својата желба и лојалност, а наша помош, ја доживејаа убавината што ја нуди секоја една земја на светот како и различностите на културата, храната, историјата и сл.
Со тоа, нашите апетити за нови патување постојано растат и во тек се нови програми кои ги организираме за оваа година. Дел од нив, се посета на Кенија, Занзибар, Виетнам и Камбоџа, и се разбира секоја индивидуална желба на патниците.
МАРИЛИ: Препознатливи сте по организираните крстарења. Кои беа најатрактивни годинава и што се нуди за периодот што следи?
СТАМЕНКОВА: Точно така. Крстарењата се прекрасни. Крузерот е особено интересен начин на патување и доживување, особено за оние кои се љубители на погледот во хоризонтот.
Скоро секоја бродска компанија има прекрасни, дури и раскошни крузери со голем број на активности и настани кои се нудат во текот на крстарењето.
Но, најважно од сѐ е тоа што со крстарењето се нуди можност да се посетат повеќе дестинации во еден релативно краток временски период на патување.
Како поатрактивни би ги издвоила крстарењата во Соединетите Американски Држави, каде што патниците имаат можност да посетат и видат повеќе земји и да ги доживеат прекрасните убавини на Мајами, Њујорк и сл.
Исто така, не ги исклучуваме и европските крстарења, како на пример крстарењето по Фјордовите, кое е незаборавно искуство.
МАРИЛИ: Дали се зголемува интересот кај македонските граѓани за посета на далечни и егзотични дестинации и постои ли место, дестинација, која е омилена и најбарана во постковид периодот?
СТАМЕНКОВА: Може да се каже дека по ковид периодот, а секако и со делумно влијание на социјалните мрежи кои нудат прекрасни видео снимки и фотографии од најразлични дестинации во светот, интересот е секако зголемен.
Нашите граѓани се заинтересирани за секоја дестинација која нуди добра понуда, сакаат авантура и сакаат да посетат што повеќе места.
Во најбарани и најпосакувани дестинации на нашите клиенти можат да се вбројат Малдиви, Куба, Тајланд, но и многу други.
МАРИЛИ: Што се преземате како туристичка агенција во организирањето на едно далечно патување или крстарење, со оглед на тоа дека вашата работа е комплексна и бара беспрекорна организација?