Заклучоци од третиот регионален „Марили Бизнис Форум“ 2024

Третиот регионален „Марили Бизнис Форум“ кој се одржа на 18 мај 2024 година во „Панорамика Дизајн Хотел“ во Скопје, насловен како: „Екологија и здрава храна – фактори за одржлив развој“, овозможи плодни дискусии, идеи и согледувања, поделени во три панел сесии.

Прва сесија -  „Циркуларна економија - нови бизнис модели и практики“

Втора сесија - „Здрава храна – тренд или предуслов за здрав живот и економски развој“

Трета сесија - „Дигитализација и автоматизација во областа на човечки ресурси“

На третиот регионален „Марили Бизнис Форум“ воведно обраќање имаше генералната менаџерка на агенција „Марили“, Лидија Трипуноска којашто говореше за круцијалната важност за надминување на актуелните состојби во споменатите области, а генералната менаџерка на Ултра / Унет и претседател на Собранието на Масит, Анета Антова Пешева, ја истакна потребата од дигитализација во сите сектори, кои ќе ги олеснат и мерките за заштита на животната средина, како и потребата на подигање на екосвеста, генерално.  Специјалната гостинка, советник на Гувернерот на НБРСМ, Милица Арнаудова – Стојановска, презентираше исрпна анализа за зеленото кредитирање и дека Народната банка го поттикнува истото.

„Препознавајќи ги предизвиците од климатските промени на долг рок, централните банки имаат сѐ поголема улога во транзицијата кон зелена и одржлива економија, што е видливо од податоците на Глобалната студија за управување со резерви (Global Sovereign Asset Management Study, 2021) која покажува дека расте процентот на централни банки (35% во 2020 година наспроти 64% во 2021 година), кои се согласуваат дека „зелените“ обврзници треба да бидат дел од портфолиото на девизните резерви“, посочи Арнаудова – Стојановска, која додаде дека во таа насока дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. 

ПРВ ПАНЕЛ: „ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА – нови бизнис модели и практики

Модератор: Проф. д-р Маја Кузмановска – директор на Бизнис Академија Смилевски – БАС, Скопје

Панелисти:

Филип Ивановски, извршен директор на „Пакомак“,

д-р Александар Матески, директор на сектор за правни и корпоративни работи на Прилепска пиварница од Прилеп,

д-р Сања Путица, менаџер за односи со јавност и инвеститор „Атлантска пловидба“ Д.Д. Дубровник, Р. Хрватска,

д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОС Македонија и ЕОС Косово

Заклучоци од прва панел сесија: 

Ивановски кој повеќе од 14 година е дел од т.н. мала стопанска комора чија основна дејност е создавање систем за правилно селектирање на отпадот на почетокот ги истакна предизвиците со кои се соочувала компанијата Пакомак. Изрази оптимизам во однос на зголемување и јакнење на свеста на народот по однос на оваа проблематика иако даде примери во регионот и пошироко кои се чекор пред нас. Исто така, сподели и позитивни искуства од бизнис заедницата и нивниот третман кон отпадот. Напорите на Пакомак кон зголемување на свесноста и едукацијата на луѓето за важноста на чистата животна средина ќе бидат едни од главните приоритети и во иднина.

Д-р Матески на почетокот од своето излагање ги претстави почетоците на Прилепска пиварница ад Прилеп имајќи го во предвид фактот дека компанијата оваа година слави 100 години постоење, посветеност во работата и грижата кон своите клиенти. Тој ги истакна добрите практики и модели кои ги практикува оваа компанија при управување со отпадот, а кои се во согласност со најсовремените стандарди и принципи. Тие се пример за компанија која почитува закони и постојано воведува иновативни решенија кога е во прашање циркуларната економија. На панелот беа споделени и бројни статистички податоци како потврда на тоа дека се компанија за пример во однос на грижата за здрава и чиста животна средина.

Д-р Путица која ни доаѓа од „Атлантска пловидба“ Д.Д.  Дубровник, на почетокот од своето излагање исто така и таа се осврна на главната дејност на компанијата од каде ни доаѓа. Ги истакна придобивките од циркуларната економија и пренесе искуства кои се имплементираат на ниво на Република  Хрватска, особено што таа е дел од ЕУ, како се спроведуваат таму стандардите и регулативите за чиста животна средина. Како претседателка на Хрватско здружение на претприемачки Круг, накратко објасни со какви активности се занимава истото и истакна дека сепак жената е иницијатор на сите промени.

Д-р Бошевска даде краток осврт за финансискиот сектор и компанијата ЕОS. Го објасни начинот на кој работи компанијата, практиките кои се применуваат, а се во насока на заштита на животната околина, приоритетите на групацијата на која припаѓаат, моделот за корпоративна одговорност кој е имплементиран и идните планови.

Во текот на дискусијата имаше многу прашања од присутните на овој форум кој истиот го подигнаа на едно повисоко ниво бидејќи се овозможи размена на искуства, знаења и практики.

Секако се отворија и многу други прашања кои само ја потврдија важноста на оваа актуелна тема и покажаа дека потребата од вакви јавни настани е повеќе од неопходна.

ВТОР ПАНЕЛ: Здрава храна – тренд или предуслов за здрав живот и економски развој

Модератор: М-р Загорка Блажевска – Генерален директор на „Вита Нова За“ Скопје, Скопје

Панелисти:

Проф. д-р Јана Клопчевска – Професор на ТМФ Скопје

М-р Радмила Чобанова Василевска – Генерален менаџер на „Маtch“ Битола

М-р  Дариа Шуриќ – Генерален менаџер на „ДарМел“, Загреб, Р. Хрватска

Заклучоци:

Проф. д-р Клопчевска со својата исклучителна дискусија со научни докази и факти од регионот и светот придонесе сесијата да биде плодна и контруктивна.

Д-р Клопчевска го подели своето излагање на научен и бизнис дел, и во првиот дел ги истакна своите искуства од Бразил, Израел и Словенија и имплементација на научните проекти во бизнис секторот во Македонија.

Професорката потенцираше дека секој био-отпад може да се искористи во процесот на циркуларна економија и нагласи дека ова е од суштинско значење поради недостиг на храна.

М-р Чобанова Василевска истакна дека нејизината заложба како технолог е во создавање на нутритивно богата храна која ќе биде достапна за секој и ги наведе сите здрави производи кои ги нуди нејзината компанија.

 М-р Шуриќ како дипломиран фармацевт ја нагласи важноста на додатоците во исхраната кои се многу важни за подобрување на здравјето на луѓето, а асо то аја намалуваат потребата од консумирање на лекарства.

-Модераторката Блажевска констатираше дека долгогодишното искуство на македонските колеги, панелисти и компарацијата од хрватската гостинка, допринесе да се направи релевантна споредба како конотацијата за здрава храна е прифатена кај граѓаните во Македонија и во Хрватска. 

ТРЕТ ПАНЕЛ: „Дигитализација и автоматизација во областа на човечки ресурси“

Модератор: Д-р Даниела Карадаков, менаџер за обука и развов во „Нептун Македонија“

Анета Антова Пешева – генeрален менаџер на УЛТРА/УНЕТ

М-р Александра Аргир – директор на човечки ресурси во НЕПТУН Македонија

М-р Зорана Пејчиќ – генерален директор на ДУНАВ РЕ – Р. Србија

Александар Патриклиски – генерален менаџер на ЕАМ ДОО Штип

Заклучоци:

Антова Пешева која доаѓа од ИТ секторот, како претседател на Собранието на МАСИТ, истакна дека дигитализацијата е многу важен процес кој е во напредна фаза во компнаииите. Сепак, потенцираше дека во јавниот сектор, значително се заостанува во овој процес и на тоа ќе треба да поработат сите во државата, особено државните органи, кои мораат да ги поттикнат овие процеси кои се важни и во приближувањето на ЕУ стандардите.

М-р Аргир ги изнесе своите практични искуства во дигитализација во секторот на човечки ресурси, пристапот paperless office и нагласи за потребата од постојани обуки кои ја зголемуваат ефективноста и ефикасноста во работењето.

М-р Пејчиќ, истакна дека во постковид периодот масовно се спроведува дигитализацијата која овозможува намалување на степенот на грешка до најнизок процент, со што се зголемува финансиската ефикасност во осигурителниот бизнис.

Патриклиски говореше за автоматизацијата во неговата компанија како единствена текстилна компанија со вертикално ткаење, постојаното унапредување на технологијата на произвостсвото, но и имплементција на еко стандардите кои ги наметнуваат светските компани за чии брендови работат.

Исто така, Патриклиски говореше како ги заокружуваат процесите на третирање на текстилен отпад и дека сами произведуваат електрична енергија од сонечеви панели, што придонесува за заштита на животната средина.


Статијата е прочитана 876 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско