Циркуларната економија - тема на месечното обраќање на Стопанската комора

„Циркуларна економија - модел за минимизирање на отпадот и искористување на ресурсите за одржлив раст на економијата“ е насловот на настанот „Месечно обраќање на актуелна тема“ што денеска го организира Стопанската Комората на Северна Македонија.

Гостин на месечното обраќање што ќе се одржи во просториите на Стопанската комора ќе биде проф. д-р Наташа Петровиќ од Факултетот за организациски науки на Универзитетот во Белград.

Циркуларната економија, наведуваат од Стопанската комора, чија примена и свесност расте секојднево и кај нас, се заснова на предложени пакет измени на легислативата од страна на Европската комисија уште во 2015 година. Веднаш потоа, следеше Акционен план на ЕУ за циркуларна економија кој постави сеопфатна рамка за забрзување на транзицијата кон циркуларна економија и вклучуваше мерки за подобрување на дизајнот на производите, зајакнување на рециклирањето, намалување на употребата на депонии и промовирање на одржлива употреба.

Подобрувањето на овие документи и се поголемите примери за добри практики доведе до тоа циркуларната економија да биде дел и од Софиската декларација за Зелената агенда за Западен Балкан, потенцираат од Стопанската комора. 


Статијата е прочитана 288 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско