Женското лидерство ги охрабрува младите, заеднички, родово еднакви, да градат здраво општество

Конференцијата на М6 Едукативниот центар која се одржа на 21 декемри, насловена како „Женски лидерство- време е да се скрши „стаклениот покрив“ преку премостување на родовиот јаз“, низ четири панел сесии и бројни говорници и гости се обиде да ја даде визијата за поттикнување на женското лидерство, но и на надминување на родовата нееднаквост.

И покрај големиот напредок на женското лидерство во изминатите две до три децении жените сѐ уште се соочуваат со лични внатрешни бариери и општествени предрасуди кон остварување на нивниот потенцијал, што беше и еден од важните заклучоци на оваа конференција.  

Исто така, еден од усогласените ставови беше дека учеството на жените на лидерски и позиции ќе доведе до поголеми општествени промени и економски раст.

М6 Едукативниот центар со поинаков пристап овој пат ги обедини мажите, жените и младите на оваа конференција со цел да се најдат поинклузивни решенија за надминување на родовиот јаз. Во таа насока, главната извршна директорка на М6 Едукативен центар, Елена Младеновска Јеленовиќ истакна:

„Женското лидерство не смее да биде замена на еден род со друг, туку се работи за искоритување на уникатните сили и перспективи што секој род ги носи во себе. Преку соодветно воспитување на младите генерации, да ја поставиме основата за иднината каде лидерството не се дефинира според родот, туку според компетентноста, карактерот и визијата.”

Сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија,  Елизабета Ѓеоргиевска, истакна дека „создавањето на еднакви можности за напредок значи да креираме политики и да носиме одлуки имајќи ја предвид женската перспектива.“

Исто така претседателот на УО на „Тиквеш“, г-дин Светозар Јаневски прати порака до компаниите и општеството дека родовата нееднаквост има сериозни импликации за државата, како економски, така и демографски, невклучувањето на жените на пазарот на трудот претставува загуба за општеството затоа што нивниот потенцијал не е искористен.

 „Жените се похрабри од мажите и се скелетот на семејството, неопходно е да имаме разбирање за разликите на двата рода и иднината да ја градиме врз база на нивните различни силни страни“, истакна Јаневски.

Во првиот панел за Општествената перпектива зборуваа: Славица Грковска, Заменичка на Претседателот на Владата задолженa за политики за добро владеење, Дита Старова која е Директорка на Националната Галерија,  Ерин Конкoрс од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија и Тања Михајловска Георгиева, Амбасадорка на здружението Women on Board Adria.

Главните заклучоци од овој панел беа дека на локално ниво се пресликуваат податоците кои постојат за родова нееднаквост на интернационално ниво, а за нејзино надминување неопходно е покрај овозможување на услови за поголеми можности за жените, потребно и самоиницијативност и резилиентост од страна на жените, како и партнерство со мажите, бидејќи целта за благосостојба е заедничка.

На панелот за „Женска перспектива“ кој го модерираше Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „Марили“, дискутираа Главната извршна директорка на Винарска Визба „Тиквеш“ Бранка Славеска, Главна  извршна директорка „Семос Едукација“, Валентина Тасева, Билјана Ивановска, досегашната Претседателка на антикорупциската комисија,  Маја Штериева, член на УО на Комерцијална Банка АД Скопје и  Влора Адеми, Главна извршна директорка на „Дигикјуб”.

Г-ѓа Трипуноска давајќи ја главната насока дека храброста е една од најзначајните карактерискити на жените коишто го градат лидерството го постави прашањето: Дали направивме доволно за колективно охрабрување на младите генерации и што е потребно за надминување на родовиот јаз во иднина? Дел од панелистите констатираа дека токму храброст била „тајната состојка“ на нивниот успех, а знаењето, резултатот, квалитетот и искуството се најаважни за креирање на успех, а не родовата припадност.

Г-ѓа Бранка Славеска истакна дека само со воспоставување на квалитетни современи норми и ESG стандарди може да ја надминеме родовата нееднаквост и да ги поттикнеме младите генерации, заеднички, квалитетно да го градат општеството.

Г-ѓа Валентина Тасева истака дека континуираното вложување во знаење но и постојаните процеси на дигитализација се главна алатка за надминување за родовата нерамнотежа во општеството.

Панелот кој ја претставуваше машката перспектива ги опфати следните говорници: Иван Штериев, директор на Македонска Берза, Трајан Ангелоски, Претседател на Сојузот на Стопански Комори на Северна Македонија, Арлинд Зекири, Партнер во ЛГП Скопје, и Ѓорѓе Војновиќ, Главен извршен директор на Триглав Осигурување, ја потврдија релевантноста и сериозноста на проблемот на родова нееднаквост.

Заеднички констатираа, и според статистичките податоци, дамо 17 отсто од членовите на УО на компаниите се жени и оттаму, секоја компанија, особено мажите во компаниите, мора час поскоро да сфатат дека само со вклучување на жените на „масата каде се носат одлуки“ може да се искористи поголемо богатство на човечки ресурси кон заеднички цели и успех, беа дел од ставовите на говорниците.

За таа цел, панелистите се согласија дека соодветно распределување на домашните обврски и надминување на стереотипите дека домот и децата се „женска обврска“ ќе помогнат во еднаквите можности во однос на ресурси за поголема вклученост на жените во економијата.

Панелот на којшто дискутираа младите од нивна перспектива, го сочинуваа Филип Ивковски, Претседател на Националниот Младински Совет, Сања Лазаревска, сопственичка на компанијата Април 22 и ко-основач наакселераторот “Aspire” и  Димитар Каљошевски, Проектен менаџер на германската организацијаCareer Transition Support”, ги споделија гледањата на младите на оваа важна тема.

Поразителни се сознанијата од истражувањата за поделбата на младите. Наместо да има напредок, јазот се зголемува. Затоа мора во образовниот систем да постојат дополнителни програми, работилници и уште од најмала возраст децата да се воспитуваат да бидат рамноправни, беа дел од предлозите за решенија.

Прашањата и заблудите коишто се јавија по оваа дискусија укажува на тоа дека панелот за младите треба да прерасне во конференциј,а со вклучување на други релевантни фактори како социолози и психолози, кои подлабоко ќе го сондираат коренот на проблемот околу родовиот јаз и што е она што длабоко системски треба да се смени, бидејќи родовиот дисбаланс, не само што не се намалува, туку и се продлабочува.

Настанот беше повод М6 да најави нови тренинг програми и работилници на оваа тема за 2024-та, а кои имаат за цел развој на ESG филозофија на работење во секоја организација, и која секоја компанија треба да ја имплементира.

Програмата „М6чекор  напред, постои од пред две години и е насочени кон актуелните теми од економскиот и општествениот развој на земјава и регионот. Темите секогаш се обработуваат на начин на кој ќе се дојде до квалитетни решенија, а предавачи и обучувачи се еминентни експерти од земјата, регионот и од странство.

Целта е да се адресираат предизвиците кои се клучни за развојот и напредокот на општеството и да се дојде до што поквалитетни решенија за нивно надминување.


Статијата е прочитана 977 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско