Уставен суд донесе времена мерка за покачувањето за 30 отсто на платите на вработените во финансии
Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за преиспитување на уставноста на членот 66 став 3 од Законот за буџети, со кој се овозможи покачување за 30 отсто на платите на вработените во Министерството во финансии и органи на државна управа кои вршат работи поврзани со Буџетот.
Како што информираат од Уставен суд, донесена е времена мерка до конечна одлука, што значи додека не се произнесе Судот конечно нема да земаат плата со 30 отсто.
Подносителот на иницијативите Mирослав Драганов ги оспорува Автентичното толкување на членот 66 став 3 од Законот за буџети и член 66 став 3 од Законот за буџети.
Според подносителот на иницијативата не е јасно кои вработени имаат право на дополнување на основната плата од 30 отсто, кои биле работните места со соодветни специфики и посебни одговорности и врз основа на што се определуваат овие места и кој ќе ги определува. Наведено е дека со самата законска одредба се воведува основ за арбитрерно постапување на органот на државната управа при определување кој има право на пропишаниот додаток.
Во иницијативата има наводи дека вработените во Министерството за финансии кои вршат специфични работни задачи и имаат посебна одтговорност се доведуваат во неосновано привилигирана положба во однос на граѓаните кои се вработени во други органи на државната управа и вршат специфични задачи и имаат посебна одговорност, со што се ставаат во нерамноправна положба.
Според подносителот, со Автентичното толкување, Собранието постапило спротивно на Уставот и на Деловникот бидејќи во постапката за давање автентично толкување на член 66 став 3 од Законот за буџети ја изменило толкуваната одредба со воведување на нови елементи и како последница на тоа била изменета и дополнета законската одредба спротивно на постапката за донесување на закони.
Статијата е прочитана 318 пати.