Претседателот на ССКМ, Трајан Ангелоски на годишен состанок на ICC- Светска коморска федерација во Париз

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски е дел од  годишниот состанок на генералниот Совет на ICC - Светска коморска федерација кој се оддржува во седиштето во Париз. Тема на раговори на состанокот се начинот на одвивањето  на стопанските активности во нестабилни времиња каде постојат безбедносни, логистички и други предизвици кои го отежнуваат работењето на светската економија.

„Како единствен претставник на коморска организација од регионот на Југоисточна Европа во Генералниот совет, кој раководи со Федерацијата, каде членуваат и претставници на коморските организации од САД, Јапонија, Велика Британија, Турција, Индија, Италија, Германија, Франција, Канада, Данска, Бразил, Германија, Австрија,ангажманот во највисокото тело на Светската коморска федерација нуди можности за остварување на поблиски соработки за влез на нови инвестиции во земјата и регионот, изградба на сигурни партнерства за домашните деловни субјекти и вклучување во глобални иницијативи за развој на економијата“, истакна Трајан Ангелоски.

Светската коморска федерација како единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите, но го претставува и гласот на бизнис заедницата во најрелевантните светски организации како Организацијата на обединети нации – ООН, Г20, Светската трговска организација, Светската банка, како и Европската банка за обнова и развој.

„Генералниот совет максимално  работи  на бизнисите да тргуваат на меѓународно ниво. Сè што правиме во име на бизнисот води помирна, одржлива и попросперитетна иднина за сите,отворање на нови пазари за нашите компании, привлекување на странски инвестиции, јакнење на нашата економска позиција преку поврзување со другите комори и поддршка на микро, малите и средни компании. Со изборот во највисокото тело на Светската коморска организација покажуваме дека е препознаен нашиот капацитет за придонес кон стратегија за развој и зајакнување на нашата економија како дел од светската економија“, истака првиот човек на ССК.


Статијата е прочитана 385 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско