Мојсовска по повод Меѓународниот ден на руралните жени: „Еднаш засекогаш да се овозможи социјална и економска рамноправност за жените од руралните средини“

Жените од руралните средини се соочуваат со голем број предизвици: социјална исклученост, невработеност, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и ресурсите, доминација на традиционалните норми, лишување од сопственост на земјоделско земјиште и имот, лишување од право на платено родителско отсуство, ограничени пристапи и понуда на образование, информации, здравствена заштита и други јавни и социјални услуги. Ваквите услови ги принудуваат руралните жени на живот во голема сиромаштија и ја поттикнуваат миграцијата.

Ова е пораката од претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска, упатена денеска во Крушево пред 200 членки кои заедно го одбележаа Меѓународниот ден на руралнните жени – 15 октомври, кој традиционално по 16. пат го организира Националната федерација на фармери со поддршка на Шведската организација за развој We Effect и од Германската развојна соработка спроведена од GIZ.

На настанот се анализираа начините како да се поттикнат жените да имаат клучна улога во обезбедувањето на храната преку одржливост на руралните домаќинства и земјоделски стопанства, но и како да се подобри социјалната и економска положба на жените од руралните средини.

15 октомври е прогласен за Меѓународен ден на жената од руралната средина од страна на Обединетите нации во 2008 година.


Статијата е прочитана 407 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско