Јубилејни 50-ти Октомвриски средби на СЗМЛСТРМ - агенција „Марили“ медиумски поддржувач
Годинава, јубилејно, се одржуваат 50-ти Октомвриски средби на медицински лаборанти и санитарни техничари, со меѓународно учество во организација на СЗМЛСТРМ. Средбите ќе се одржат во хотел Десарет во Охрид од 5-ти до 8-ми октомври 2023г.
Пленарни предавачи на средбите ќе бидат: Проф. Д-р Снежана Стоилова, Проф. Д-р Голубинка Бошевска, Проф. Д-р Нико Беќаровски, Др.Сци. Јасмина Мечевска Јовчевска, Д-р Бијлана Ќурчиќ, Д-р Корнлија Трајкова, Проф. д-р Вања Филиповски, Проф. д-р Викторија Максимова, Спец. Д-р Ефтим Димитровски и Д-р Христина Василевска, можете да ја погледнете целата програма со предавањата и предавачите на следниот линк.
Сојуз на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на Република Македонија (СЗМЛСТРМ) е невладина, непартиска, непрофитабилна, а е стручна доброволна организација на лабораториски професионалци и сите кои имаат интерес кон лабораторискатата дејност.
Целта на СЗМЛСТРМ е преку едукативни настани и програми да ја унапредат, промовираат и придвижат лабораториската пракса на повисоко ниво.
Во прилог, на следниот линк https://online.fliphtml5.com/
Агенцијата „Марили“ годинава е медиумски поддржувач на Јубилејните 50-ти Октомвриски средби.
Статијата е прочитана 950 пати.