Деспотовски: „Во зоните годинава креирани над 1100 работни места“
Бројот на нови работни места што се креирани годинава во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во државава достигна над 1 100. Од Дирекцијата за ТИЗР најавуваат еднакви можности за домашните и странските инвеститори со измените на Законот за индустриски зони, што се во финална фаза.
„Покрај постојаниот раст на извозот, на економијата внатре во самите зони, имаме раст на работните места. Последните податоци заклучно со август, покажуваат дека во текот на оваа година имаме повеќе од 1100 нови работни места што се креирани во рамки на зоните. Тоа значи дека трендот што го почнавме пред две до 2,5 години, стабилно продоложува да се движи напред“, изјави за МИА Јован Деспотовски, директор на ДТИРЗ.
Деспотовски, кој со владина делегација беше во работна посета на Германија, по повод договорот со германската компанија БМЗ за нова инвестиција во ТИРЗ Скопје 2 и бизнис форум со германски стопанственици, укажа и на важоста на примената на програмите за развој на вештини.
„ Во разговорите тука во Франкфурт се покажа исправен нашиот пристап дека треба да се посочува на интересот на институциите и на државата дека платите мора да растат понатаму и тоа не е проблем за германските компании и инвеститори. Како важножи беа посочени програмите за развој на вештини“, рече Деспотовски.
Покрај активностите поврзани со дуалното образование и програмите за поддршка на компаниите, од пред неколку месеци Дирекицијата за ТИРЗ во соработка со невладини организации работи на посебни програми за поддршка и поттикнување вештини кај различни категории помлада популација, средношколци, студенти,…
Статијата е прочитана 295 пати.