Во Франкфурт ќе бидат претставени потенцијалите за инвестирање во Северна Македонија

Пред претставници на над 20 германски компании од повеќе дејности денеска во Франкфурт ќе бидат претставени условите и можностите за инвестирање во Северна Македонија и поволностите што се нудат во технолошко индустриските развојни зони. 

На тркалезна маса во организација на мрежата на германски стопански комори,  за потенцијалите за инвестиции, регулативата, можностите за соработка,... ќе говорат вицепремиерот  задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски. Ќе се обрати и Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори.

Битиќи и Деспотовски  во рамки на посетата на Франкфурт ќе имаат и работни состаноци со менаџментот на глобално етаблирани германски компании. 

Тие вчера потпишаа договор со германската компанија за литиум јонски батерии  БМЗ за реализација на инвестиција од 65 милиони евра во  ТИРЗ Скопје 2, со која се најавени над 750 нови работни места.

На македонскиот пазар работат над 200 германски компании со 20.000 вработени.


Статијата е прочитана 296 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско