Ковачевски: „Сигурно ќе следуваат нови мерки, најверојатно во делот на маржите“

Сигурно ќе следуваат нови мерки, не може никој во време на криза да печали на грбот на граѓаните, рече денеска премиеррот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со поскапувањата на некои од основните производи.

Интервенциите, како што информира, најверојатно ќе бидат во делот на маржите и во делот на разликите меѓу производните и продажните цени.

Ковачевски вчера најави дека ќе има проблем со млекото, поради што денеска ќе одржи состанок со министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

„Ги следиме цените, со економските министри веќе разговаравме за идните мерки што ќе се преземат, пред се, во делот на маржите и во делот на разликата во цените од производителите до финалната цена на рафт. Сигурно ќе следуваат нови мерки, зашто никој не може во време на криза да печали на грбот на граѓаните“, потенцира Ковачевски.

Според него, се јавува криза во снабдувањето на млечната индустрија, има недостиг во некои региони во светот поради војната во Украина.

„Ќе има проблем кај млекото зашто се јавува криза во снабдувањето со млеко. Веќе утре имам состанок со министерот Николовски за тоа кои мерки ќе ги преземеме зашто се јавува недостиг во некои региони во светот на млеко поради војната во Украина“, информира премиерот.


Статијата е прочитана 346 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско