Изложба на студенти од Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“

Во просториите на Францускиот институт во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури”.

На изложбата ќе бидат презентирани креациите на тројца студенти од Академијата за мода „Изет Цури“ кои Францускиот институт во Скопје ги награди за годишно достигнување и успех.

„Тројцата студенти од Интернационалниот институт за мода на ’Изет Цури’ со поддршка на Францускиот институт во Скопје, во септември го посетија Саемот за мода во Париз, како и други модни институции. Денеска токму излогот на Институтот ќе биде местото каде тројцата талентирани студенти Мусли Каралити, Меланија Николоска и Марина Карчевска ќе ги изложат наградените дизајни и пред присутните ќе ги споделат своите впечатоци, импресии и инспирации“, информираат организаторите.


Статијата е прочитана 3513 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско