Женски економски форум - Балкан 2024 : Стереотипите и традицијата се уште бариери за македонската жена, неопходни системски мерки за повеќе жени на раководни позиции
Стереотипите, традицијата, културата и верата се само некои од предизвиците со кои се соочуваат жените во земјава. Според статистиката, иако на исти позиции со мажите во однос на работата, тие земаат пониски плати, особено ако станува збор за раководни функции, беше речено пред почетокот на Женскиот економски форум (ВЕФ) - Балкан 2024 што се одржува денеска и утре во Скопје.
„Жените треба да ја преземат реформаторска улога. Тие ја имаат способноста да се издигнат над личните интереси и профитот и да ја видат големата човечка слика. Верувам дека токму жените лидерки во економијата, со својата енергија, посветеност, решителност, вештини и знаење може да ги пренасочат економските текови, ставајќи мировен, женски печат и промовирајќи и стимулирајќи оддржливи и фер економски политики и модели“, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова на почетокот на Женскиоот економски форум.
Статијата е прочитана 675 пати.