„Светски економски форум на жени лидерки – Балкан 2024“ на 2 и 3 октомври во Скопје

Светскиот економски форум на жени лидерки  – Балкан 2024 ќе се одржи на 2-3 октомври 2024 година во хотелот „Мериот“ Скопје и ќе привлече повеќе од 250 влијателни лидерки, претприемачи, активисти и истражувачи и академици од поширокиот регион на Балканскиот полуостров, но и од ЕУ.

Форумот  се одржува под франшизата на WOMEN ECONOMIC FORUM и глобалната мисија Г100 Милион, а локално ја организира Асоцијацијата на жени менаџери „ЕЛИТ“ Скопје и Крилото за Комуникација, застапување и медијација за Македонија каде официјална претставничка е Угриновска Ленка. 

Овие организации заеднички на глобално и локално ниво се залагаат за поттикнување на општествени промени, а овогодинешниот форум ќе се фокусира на унапредување на позицијата на жените во разни општествени домени преку влијателни разговори, дебати за заеднички предизвици како и споделување на најдобри практики.

Своето учество на панелите и присуство веќе го потврдија влијателни лидерки од Португалија, Индија, Србија, Црна Гора, Албанија, Хрватска, Турција, Словенија и Босна и Херцеговина.

Нашата мисија е да создадеме уникатна платформа каде формалните и неформалните групи ќе соработуваат за да ги поддржат општествените промени кон економско зајакнување на жените.

Регистрација на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfEbKyfHJ-Cmc2wKsVvoPSlWcGtR7Uu8XTefOSMYYxNZZTvtA/viewform

Повеќе информации за Форумот може да прочитате на следниот линк: https://www.facebook.com/profile.php?id=61564924016309


Статијата е прочитана 271 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско