Тајани: „Балканот не може повеќе да чека, покренуваме иницијатива за Коридорот 8 преку Северна Македонија“

Потпретседателoт на Владата и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, во денешниот авторски текст „Балканот не може повеќе да чека“ за белградски „Блиц“, говорејќи за рестартирање на италијанските активности во регионот меѓу кои е и министерскиот состанок во Рим на 3 април со шефовите на дипломатиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, како и Шведска, која претседава со Советот на ЕУ, и со комесарот за проширување и соседска политика, посочи конкретна мерка во процесот на европската интеграција на регионот што се однесува на Северна Македонија, јави дописиникот на МИА од Белград.

„Тргнувајќи од веќе одличните податоци за трговската размена, кои достигнаа вредност од околу 17 милијарди евра во 2022 година, ќе спроведеме иницијативи насочени кон зголемување на присуството на нашите компании на Балканот. Оваа цел ќе ја постигнеме со користење на можностите што ги дава развојот на европските инфраструктури, така што, на пример, во наредните месеци ќе организираме иницијатива посветена на таканаречениот Коридор 8, патен и железнички јазол што ја поврзува Италија со Албанија, Северна Македонија и Бугарија, стратешка оска што ги спојува Јадранот и Црното море“, вели Тајани во текстот за „Блиц“.

Тој посочи дека „внимателно ја слушнаат силната побарувачка за Европа и Италија од овие земји, нивната аспирација да бидат дел од европскиот проект и потребата од заедничка работа на интеграција во механизмите и институционалниот живот на ЕУ од почетните фази на преговарачкиот процес, особено во клучните сектори како енергетиката и дигиталната транзиција, инфраструктурата, образованието и истражувањето“.


Статијата е прочитана 484 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско