Буџетска поддршка од ЕУ вредна 80 милиони евра за справување со енергетската криза

Особено задоволство ми е кога ветеното се реализира и има резултат. Во криза се важни пријателите, а ЕУ докажа дека има слух за нашите барања - да ни помогне кога беше најдобро, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на настанот по повод презентацијата на грантот од ЕУ за земјава, вреден 80 милиони евра, пренесува МИА.

Како што напомена Ковачевски, грантот е веќе достапен и овие средства се поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка за малите и средните претрпијатија, за одржување на нивниот бизнис, како и за инвестиции на државата во енергетската транзиција, во обновливите извори и во енергетската ефикасност.

Во октомври лани, потсети премиерот, кога претседателката на Европската комисија Урсула Фондерлајен беше во посета на нашата држава, порача дека ЕУ ќе биде покрај Северна Македонија и дека заедно ќе ги надминеме предизвиците од кризата. 

„Го потишавме договорот Фронтекс и Фондерлајен најави грант од 80 миолиони евра. Овие средства се веќе достапни и ќе се користат како дел од пакетот антикризни мерки вредни над 760 милиони евра. Според Светска банка, ова е највисока буџетска поддршка во регионот за справување со кризата. За 2023 година во посебна програма се предвидени 225 милиони евра за справување со енергетската криза“, рече Ковачевски.

Пред пристуните се обрати и евроамбасадорот Дејвид Гир. Според него, овој настан уште еднаш покажува дека ЕУ ги исполнува ветувањата, дека солидарноста меѓу земјите членки, сегашни и идни, е фундаментална и опиплива вредност.


Статијата е прочитана 462 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско