Бектеши: „Компаниите го прекршија договорот за намалување на цените, следуваат мерки“
Министерот за економија Крешник Бектеши во синоќешното издание на емисијата „Економски магазин“ на Алсат М изјави дека речиси 70 отсто од компаниите кои користеле субвенционирана елекстрична енергија од државата, не ги намалиле цените на прехранбените производи.
„Според прелиминарните податоци, значителен дел на компаниите кои се над 250 и кои ја користат мерката за субвенционирање на електрична енергија, речиси над 60-70% не ја почитувале истата одлука и ги држат истите цени споредено со ноември пред да влезе во сила одлуката за субвенционирање на електрична енергија. Затоа, Министерството за економија по завршување на месецот, тоа што го најавивме, ќе предложи до Владата да донесе одлука за укинување на оваа мерка. Поради несовесните газди, сега и оние кои ги почитувале правилата ќе плаќаат поскапа струја затоа што Владата им ја укинува помошта“, изјави Бектеши.
Како што изјави министерот, Министерството за економија го прифатило извештајот на Пазарниот инспекторат и по завршната анализа ќе ѝ предложи на Владата укинување на мерката за субвенционирање на електрична енергија.
Статијата е прочитана 279 пати.