Бектеши: „Замрзнати маржи на основните прехранбени производи до крај на април“
Мерката за замрзнување на маржите на основните прехранбени производи која требаше да заврши месецов, ќе биде продолжена до крај на април 2023 година, изјави на дененешната прес-конференција министерот за економија, Крешник Бектеши, на која го презентираше предлог - буџетот за Министерството.
„Благо поевтинување мислам дека веќе има...Маслото за јадење веќе не е 150-160 денари. Може масло за јадење да се најде и под 100 денари во одредени маркети, во зависност од производителот“, изјави Бектеши.
Бектеши нагласи дека за јануари се прават калкулации и со компаниите и со стопанските комори и, како што додаде, се очекува дополнително намалување на цените.
Листата на производи коишто ќе се оданочуваат со 10 проценти треба да ја изготви Министерството за финансии, а пред да се донесе од страна на Владата, ќе бидат консултирани стопанските комори и организациите за заштита на потрошувачите, а се во интерес на граѓан, рече Бектеши.Тој нагласи дека од Министерството за економија се вклучени целосно во овој процес и имаат свои претставници.
Статијата е прочитана 356 пати.