Утре се отвора првиот Фестивал на книгата „Скопје чита“

Првиот Фестивал на книгата ќе биде отворен утре пред СЦ „Борис Трајковски“ (кај картингот) и ќе трае до 12 септември.

„Скопје чита!“ е мотото на фестивалот на кој ќе се претстават 30-ина издавачки куќи со изданија од домашни и странски автори, стручна литература, научна и белетристичка литература, книги за млади и за деца. 

Меѓу бројните изданија на штандот на издавачката куќа „Бата прес“ ќе се најде и Бизнис каталог на Р.С.Македонија 2022 што го издава агенцијата „Марили“ кое е единствено ексклузивно издание од ваков вид. Каталогот е двојазичен (англиско-македонски) и во него се сместени бројни интервјуа со успешни македонски бизнис менаџери и воведен дел посветен на еколошки чистите региони во Македонија како потенцијал за развој на туризмот.

Штандот на „Бата прес“ изобилува со преводи на изданија од најразлични странски автори. Книгите што ќе бидат изложени може да се нарачаат од „Бата прес“ и со достава до секој град. На следниот линк може да се видат изданијата на оваа издавачка куќа што ќе се најдат на фестивалот https://batapress.mk/2022/09/05/%d1%84%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d0%bb-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%bd%d0%b8%d0%b3%d0%b0%d1%82%d0%b0-2022

Посетителите од утре со почеток во 10:00 часот веќе ќе можат да ги разгледуваат најновите наслови на македонските издавачи, а во попладневните часови ќе уживаат во добра музика за која ќе се погрижат DJ Брус и DJ Џон Антонио, каде околу специјализираното катче за читање се очекува да има убава и опуштена атмосфера. Во рамките на фестивалот е предвидено да има и кафетерија и катче за храна.

„За првпат правиме фестивал на книгата на отворено. Затоа ќе одвоиме средства, енергија и време да ви ги претставиме книгите, непосредно, очи в очи и ќе ни биде многу драго доколку ве запознаеме или повторно се сретнеме“, велат од организаторот.

Работно време на фестивалот од 10:00 до 20:30 часот. Билетите ќе може да се набават на билетарите пред влезот и чинат 50 денари.


Статијата е прочитана 636 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско