Бензините поскапуваат за два, дизелот за 2,5 денари од литар

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,41 проценти. Со одлуката малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за два денари по литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 2,50 денари по литар.

Тоа значи дека од ноќеска на полноќ литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 75,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава по 77,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 67,50 денари литар, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 денари/литар,

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,630 денар од килограм и со тоа малопродажната цена ќе изнесува 42,761 денари за килограм.

 


Статијата е прочитана 751 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско