Просечната плата во јуни била 28.744 денари

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јуни годинава изнесувЛ 28.744 денари, а просечната бруто плата била 42.950 денари. Според Државниот завод за статистика нето платата е за 7,0 отсто повисока отколку во јуни минатата година, додека бруто платата е повисока за 7,1 отсто.

Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1 отсто), Уметност, забава и рекреација (20,5 отсто) и Информации и комуникации (14,1 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,3 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2,6 проценти) и Рударство и вадење на камен (1,6 отсто).

Зголемувањето на бруто платата, пак, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто плата во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,3 отсто), Уметност, забава и рекреација (21,1 отсто) и Информации и комуникации (14,1 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (5,3 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2,7 проценти) и Рударство и вадење на камен (1,7 отсто).

 


Статијата е прочитана 659 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско