Арс Луцида ви ги нуди своите холистички услуги за унапредување на психофизичките способности на секој вработен
Задоволство нѝ е да ви се претставиме и да ви ја приближиме работата на АРС ЛУЦИДА – Скопје. а истовремено и да ве поканиме на соработка, како вие и вашите вработени би ги искусиле нашите услуги.
Со оваа понуда која ги вклучува нашите холистички услуги и индивидуален пристап кон секој клиент, вашите вработени би ги унапредиле психофизичките способности, а со тоа би се подобрила и ефикасноста, продуктивноста, мотивацијата и перформансите на вработените, при што придобивките за вашата компанија би биле енормни. Услугите што ги нудиме, а сметаме дека ќе се од корист за јакнење на вашиот тим се наведени во флаерот во прилог, поделени во 3 категории, од кои вие можете да одберете она што сметате дека ви е потребно или би можеле да организираме состанок за да направиме некоја комбинација од истите според вашите потреби. Под секоја услуга е наведен линк на кој доколку кликнете ќе добиете повеќе информации за истата.
Се разбира, цената на услугите за вас како членки на Марили Бизнис Клубот е намалена за 20%.
Арс Луцида поттикнува (р)еволуција во концептот на развој, развива и внесува нови модели и практики кои ја подигаат свеста за личниот и професионалниот раст. Поддржуваме и иницираме позитивни промени кои се отсликуваат на глобално ниво. На тој начин, го оптимизираме вашиот потенцијал, личниот и професионалниот напредок. Го инспирираме вашиот креативен дух, ги подржуваме самосвеста, развојот и здравиот животен стил преку синхронизирани методологии кои секој систем го третираат холистички.
Нашите вредности се наш одраз:
1. Срцето е наш водич. – СТРАСТ, СЛОБОДА
2. Сите ние бараме подлабоко значење и смисла. – ОДГОВОРНОСТ, ТРАГАЧ
3. Ние го менуваме нашиот живот и растеме. – СВЕСНОСТ, ДОБРИНА, МИСИЈА
Визијата на ArsLucida- Coaching and Training е да преку развојни вештини на себеспознавање и усовршување (self-awareness and self management), стекнеме способност да ги спознаеме другите и да ги менаџираме односите со нив (others awareness and relationships management).
Впрочем, успехот во бизнисот е категорија во која во најголем процент влијаат односите со луѓето и соработката со истите.
Статијата е прочитана 1209 пати.