„Хауз Мајстор Фасилити“ - Лидери во одржување на деловни, индустриски и резиденцијални објeкти

Интервју со Елида Трајковска, косопственичка и генерална менаџерка на „Хауз Мајстор Фасилити“ од Скопје. Компанијата е основана во 2018 година и е ќерка-фирма на постојанта „Хауз Мајстор Плус“.

Со околу 300 вработени „Хауз Мајстор Фасилити“ успешно работи по најсовремени стандарди и технологии и е лидер во професионално одржување на деловни, индустриски и резиденцијални објекти.

Елида Трајковска е етаблирана, успешна и докажана менаџерка речиси 18 години. Покрај во работата, енергијата ја црпи и во фолклорот како долгогодишен член на фолклорното друштво АНИП „Орце Николов“, каде е член во ветеранската секција, а од неодамна е и Претседател на Анасмблот.

За долгогодишното, успешно, континуриано менаџирање и траен придонес кон македонската економија, во април годинава Елида Трајковска беше наградена со статуетка „Жена водилка“ на јубилејната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“, во организација на агенција „Марили“.

МАРИЛИ: Од кога постои и што денес претставува Вашата компанија „Хауз Мајстор Фасилити“? Кои се нејзините капацитети и кон што е насочена главната дејност?

ТРАЈКОВСКА: Компанијата „Хауз Мајстор Фасилити“ е формирана во 2018 година како ќерка-фирма на веќе постојната компанија „Хауз Мајстор Плус“.

Мора да признам дека идејата за формирање на оваа компанија дојде токму од сопственикот на „Хауз Мајстор Плус“, г. Васе Самараков, кој следејќи го мојот долгогодишен успех како менаџер во тогашната најголема компанија за одржување хигиена, ми понуди заеднички да основаме компанија чија основна бизнис-дејност ќе биде професионално одржување на деловни, индустриски и резиденцијални објекти.

Оттогаш, па сѐ до денес компанијата постојано расте.

Денес компанијата во своето семејство има околу 300 вработени и секојдневно хигиената ја одржува во повеќе од 300 објекти.

МАРИЛИ: Колку воведувањето стандарди, иновации и современи технологии придонесоа за европскиот лик на Вашата компанија?

ТРАЈКОВСКА: За да има европски лик една компанија, потребно е уште од почетокот претпријатието да има визија и долгорочно да се ориентира кон неа.

За нашата компанија, чија дејност е услугата, од особено значење и најважно е: да имаме задоволни клиенти, да имаме вработени што се задоволни и горди што работат во „Хауз Мајстор Фасилити“, континуиран раст, следење на новите трендови на пазарот и приспособување на новите интернационални стандарди, перманентно вложување во заедницата и беспрекорен тимски дух.

МАРИЛИ: Колку долго сте на менаџерска позиција? Како менаџер во компанија што е успешна во континуитет и има значаен импакт во развојот на македонската економија, според Ваше мислење, што е клучно за да се постигне тоа ниво?

ТРАЈКОВСКА: Како менаџер на различни позиции сум повеќе од 17 години, а како печат на мојата континуирана успешна кариера е ова што сум денес, сопственик/партнер на компанија веќе осум години.

За да се постигне тоа клучно ниво е: создавање работни места, иновации и технолошки напредок, зголемена продуктивност, инвестиции во инфраструктурата и заедницата, одржливост и етичко работење, како и развој на човечки капитал.

МАРИЛИ: Како за успешна жена менаџер, конзистентноста и континуираната работа се неизбежни. Кои Ваши лични карактеристики Ве донесоа таму каде што сте денес?

ТРАЈКОВСКА: На прво место, секако, е секојдневната напорна работа, стремежот кон надградба на личното знаење и едукација што, според мене, се основни предуслови за успех во секоја сфера на живеењето.

Без искрена посветеност на проблематиката што ја работите, а која понекогаш налага и извесно „жртвување“, не е можен напредок. Секако, еден од најзначајните фактори за мене претставува поддршката од семејството, колегите и пријателите. Мора да напоменам дека дополнување на енергија секогаш наоѓам во фолклорот.

Имено, последниве години активно членувам во фолклорното друштво АНИП „Орце Николов“, каде што сум член во ветеранската секција, а од неодамна сум и Претседател на Анасмблот.

На крајот, повторно би го истакнала моето лично мото: „Бидете смели, бидете различни и секогаш бидете први.“

МАРИЛИ: Според Вас, каков удел во подобрувањето на женското лидерство, менаџерство и претприемаштво има манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, која се одржува веќе 30 години?

ТРАЈКОВСКА: Манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ има значаен удел во развојот на женското лидерство и претприемаштво во Република Северна Македонија преку:

- Јавно признавање, успехот на овие жени станува видлив;

- Охрабрување на младите девојки да веруваат во себе, да се образуваат и да се стремат кон менаџерски позиции;

- Преку јавното пофалување на успешните жени се креираат модели на улога („role models“), особено важни во контекст каде што родовата рамноправност и застапеноста на жените на лидерски позиции сѐ уште се процес;

- Манифестацијата помага да се подобри „перцепцијата за жената во бизнисот“;

- Таквите јавни признанија придонесуваат во разбивањето на стереотипите дека лидерските и менаџерските улоги се главно „машки“ позиции.

- Промоцијата на женското претприемаштво и лидерство има долгорочна економска придобивка: повеќе жени на менаџмент позиции значи поголема разновидност во одлучувањето, потенцијално повеќе стартапи и поголема вклученост на жените во економските текови;

- Таа функционира и како платформа за говорење за теми поврзани со родовата рамноправност во бизнисот.

 


Статијата е прочитана 263 пати.

Сподели:


Видео: 30 години Агенција Марили

30 години јубилеј на агенција „Марили“

Охридско лето 2026

kb

oxxete