Центар за убавина „Афродита-С“ - квалитет, традиција и нераскинлива врска со клиентите

Интeрвју со Сузана Блажевска, генерален менаџер на Центар за убавина „Афродита-С“ која говори за 27-годишното успешно работење, труд, посветеност, револуционерни новини и квалитет во козметологијата, но и за беспрекорната и нераскинлива врска со клиентите кои заслужено им ја дале довербата. „Афродита-С“ располага со најсовремени апарати што се неинванзивни, а ефикасно ги отстрануваат сите недостатоци, најнова технологија на ласерска епилација и моментно најдобар апарат за трајно отстранување на влакна на лице и тело, Elysion Pro. Центарот за убавина нуди и најразлични третмани за нега на лице, обновување на кожата, хидратација и третмани против стареење, против брчки, дамки, лузни и друго. Според Блажевска,  „Афродита-С“ е докажан бренд кој постојано се залага да ги задоволи стандардите на најдобрите салони во светски рамки. 

МАРИЛИ: „Афродита-С“ е авангарда што речиси три децении успешно опстојува на македонскиот пазар. Што значи во континуитет да се гради бренд што се грижи за негата и убавината на луѓето?

БЛАЖЕВСКА: Да се биде успешен и да се опстане 27 години потребни се навистина голема посветеност и многу вложен труд и време. Треба да имате визии и да се стремите кон нивно остварување, притоа совладувајќи ги сите ризици и препреки.

Низ годините, постојано барајќи го најдоброто, најквалитетното, најефикасното, револуционерното, понудата и услугите се надградуваа, но нешто остана исто. Тоа е нашата цел да креираме долготрајни врски на доверба со клиентите што сфатиле дека има зошто да ни веруваат и тоа го прават години наназад.

МАРИЛИ: Во својот асортиман „Афродита-С“ нуди многу услуги за разубавување, слабеење, третмани за лице, нокти, масажи. Кои услуги ги нуди Вашиот центар за убавина?

БЛАЖЕВСКА: Имаме повеќе од 200 различни козметички услуги за лице, тело, нокти, коса и трајна шминка од традиционални до најсовремени третмани. Нудиме третмани што постојано му се потребни на секој клиент, во секој период од годината.

Освен хигиенските третмани што се прават еднаш месечно, како депилација, маникир, педикир, третмани за лице, фризерски услуги, тука се и специјализираните третмани за одредени естетски проблеми. Располагаме со најсовремени апарати што се неинванзивни, а ефикасно ги отстрануваат сите недостатоци.

Најновата технологија на ласерска епилација и моментно најдобар апарат за трајно отстранување на влакната на лицето и телото, Elysion Pro, ветува живот без влакна со гаранција до 12 години. Безбеден е за кожата и има максимална ефикасност за сите типови кожа и влакна во текот на целата година.

Понатаму, има најразлични третмани за нега на лицето, од класични до најсовремени методи. Третмани за обновување на кожата, хидратација и третмани против стареење, против брчки, дамки, лузни. Револуционерниот бренд Dr. med. Christine Schrammek со познатиот метод Green Peel што нуди биолошки и абразивни третмани. Најновиот 8D HIFU е моќен третман што ја затегнува олабавената, пуштената кожа. Ендосферата има голем спектар на примена како терапија за лице.

Ендосферата е лидер најбаран третман во обликувањето на телото. Ова е најбрзо и ефикасно решение за проблемите што ги мачат и двата пола подеднакво - наслојки од маснотии и целулит, тонизација на мускулите и затегнување на кожата.

8D HIFU е неинванзивен, безбеден и софистициран третман, кој навлегува длабоко во кожата и стимулира продукција на колаген и еластин, со цел да се постигнат природни резултати без операции.

EMS TESLA е неинванзивен и концентриран третман што ги стимулира мускулите за ефикасно намалување на масните наслојки, го обликува телото и ги тонира мускулите. Секако, тука се и другите третмани што се многу ефикасни за топење на мастите, за обликување и затегнување на телото.

Criolipolisis, Lipolaser,Cavitation , LPG, Alfa Led Oxy Spa капсула, MEGA SUN солариум, Radio Frequency, Shok Wave, Bodimaster… Би ги споменала и третманите за релаксација, група во која несомнено спаѓа големиот број различни видови масажи што ги нудиме. Сигурно тоа се едни од поомилените на нашите клиенти.

МАРИЛИ: Козметологијата се развива многу динамично на светско ниво. Што значи да се биде во тек со најсовремените достигнувања во оваа област?

БЛАЖЕВСКА: Од самиот почеток „Афродита-С“ ги следи најновите достигнувања, но бидејќи сферата на козметиката постојано се усовршува и менува, непоходно и најважно е постојано следење на новитетите и надградување на знаењето во оваа област.

„Афродита-С“ денес може да се пофали со голем број обучени кадри во областа на козметиката и естетиката. Преку центарот за обука на „Афродита-С“ се спроведуваат групни и индивидуални обуки во областа на козметиката, како и обуки за естетика.

Ова е уште една потврда за нашите капацитети како бренд што поставил цврст темел во светот на убавината.

Се залагаме „Афродита-С“ да ги задоволи стандардите на најдобрите салони во светски рамки. Нашиот досегашен успех е резултат на стручност, иновации и стабилна платформа за понатамошен развој.

МАРИЛИ: Кои најсовремени методи ги користите за нега на лицето и телото?

БЛАЖЕВСКА: Располагаме со најсовремени методи што се неинванзивни, но максимално моќни кога станува збор за отстранување на недостатоците. Работиме исклучително со природни, органски и минерални препарати и токму со тоа се издвоивме од конкуренцијата на пазарот.

Работиме со Dr.med.Christine Schrammek со познатиот методот Green Peel, германска козметика што веќе 60 години е присутна во повеќе од 60 земји во светот.

Kiara Sky, пак, е американски бренд што прв го произведе иновативниот метод Dip Powder за изработка на нокти без употреба на УВ-ламба, без стружење со турпија и оштетување на плочката на ноктите.

Like Sugar е органска шеќерна паста што може да се користи во патрони или како топла депилација. Не предизвикува никакви иритации и воспаленија, може да ја к00ористат сите, без разлика на возраст, целосно ги вади влакната и врши благ пилинг на кожата.

Savich минерални пигменти за изработка на трајна шминка што ги користиме се двојно концентрирани и веднаш видливи на кожата по првото нанесување. Тоа се 100 % минерални пигменти со 100 % природни состојки и 0 % карбон.

МАРИЛИ:  Колку низ годините порасна свесноста кај современата жена за негуваниот изглед и колку тој стана дел од културата на живеење?

БЛАЖЕВСКА: Негата за лице и тело треба да се започне од адолесцентна возраст, а со правилна нега и континуитет што е многу важен, таа никогаш нема да ја изгуби својата виталност и сјај.

Особено е важно да напоменам, без оглед на возраста и полот, секој човек треба да создаде навика за постојана грижа за својот изглед и негата да им ја довери на професионалци. Нема неубави жени, само жени што не се негувани.

Негуваната жена е жена без возраст. Имено, секој на свој начин се стреми кон себеостварување, при што убавината има константно и важно место во комплетната личност и нејзиниот развој.

Потрагата по убавината и вечната младост, секако, доведе до пошироко прифаќање и зголемување на свесноста кај современата жена за негуваниот изглед и употребата на козметички третмани во козметичките салони, како пат кон убавиот и здрав изглед.


Статијата е прочитана 868 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско