БДП со раст од 1,1 отсто во второто тримесечје од годинава

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2023 година е 1,1 отсто според проценетите податоци на Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од годинава, поголем пораст е забележан во секторите  Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7,6  отсто и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 5 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2023 година, номинално расте за 9,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 73,9 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2,6, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 3 отсто.

Стапката на раст на БДП во првиот квартал годинава според податоците на ДЗС изнесуваше 2,1  процент. Проекциите на Министерството за финансии се дека БДП годинава ќе изнесува 2,5 отсто.


Статијата е прочитана 319 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско